
Министерството за земјоделство на Хрватскаж го измени спорниот правилник за инспекциски надзор и контрола на квалитетот на овошјето и зеленчукот според стандардите на пазарот и ја врати старата цена на надоместокот за увоз.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Министерството за земјоделство на Хрватскаж го измени спорниот правилник за инспекциски надзор и контрола на квалитетот на овошјето и зеленчукот според стандардите на пазарот и ја врати цената на надоместокот за увоз на 12 евра, јави агенцијата БЕТА.
Со неодамнешните измени на Правилникот, надоместокот беше зголемен за 22 пати (270 евра), што предизвика незадоволство и заедничка реакција на земјите што извезуваат овошје и зеленчук во Хрватска, што не се членки на Европската Унија: Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Надоместокот се плаќа за секој вид овошје или зеленчук одделно во една постапка на контрола што ја спроведуваат земјоделската и фитосанитарната инспекција на Хрватска.
Во соопштението на хрватското Министерство за земјоделство се наведува дека со соседните држави било договорено заеднички да извршат анализа на надоместоците за инспекцискиот надзор, со што ќе се овозможи заштита на потрошувачите и конкурентна позиција на земјоделците, без да се отежнува трговската размена.
Во Министерството очекуваат наскоро да се одржи и состанок на кој тема ќе биде користењето агрохемиски средства што немаат одобрение од Европската Унија.