
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со купување новоиздадени акции во вредност до 64 милиони евра, стекна удел од 5% во сопственичката структура на „АИК Груп“, една од најбрзорастечките банкарски групации во Југоисточна Европа.
Целта на инвестицијата е поддршка на проширувањето на работењето и дополнително зајакнување на позицијата на „АИК Груп“ во регионот на Југоисточна Европа преку аквизиции и органски раст. ЕБОР ќе именува свој претставник во Одборот на директори на групацијата, со што дополнително ќе се унапреди корпоративното управување и ќе се обезбеди поддршка за стратешкото одлучување при меѓународното проширување.
„АИК Груп“, која е под надзор на Европската централна банка (ЕЦБ) и во сопственост на Александар Костиќ, има свои членки во Србија – „АИК Банк“, „АИК Лизинг“ и „МВ Инвестмент“, во Словенија – „Горењска Банка“ и „ГБ Лизинг“, како и во Црна Гора – „Хипотекарна Банка“.
Групацијата во изминатите години брзо растеше преку низа аквизиции и денес има портфолио со повеќе од 800.000 клиенти и управува со вкупна актива во вредност од повеќе од 10 милијарди евра. Целта е во следните три до пет години вкупната актива да се зголеми на 20 милијарди евра, преку аквизиции и продолжување на органскиот раст низ регионот.
„Силните регионални банкарски групации со транспарентно работење имаат важна улога во унапредувањето на корпоративното управување во банкарскиот сектор, како и во поддршката на растот на приватниот сектор и економската интеграција. Со оваа инвестиција ЕБОР ја поддржува визијата на „АИК Груп“ да изгради водечка регионална банкарска групација, која ги унапредува стандардите на корпоративното управување и обезбедува поддршка за развојот на дигиталните капацитети и зајакнувањето на отпорноста на климатските ризици и сајбер-заканите. Се радуваме на соработката со „АИК Груп“, која ќе овозможи понатамошно проширување и нови можности за граѓаните и компаниите“, изјави Франсис Малиг, извршен директор за финансиски институции во ЕБОР.
„Големо задоволство ни е што ЕБОР е нов акционер во „АИК Груп“. Ова стратешко партнерство за нас претставува потврда на стратегијата и амбицијата да изградиме водечка финансиска групација во регионот на Југоисточна Европа и да создаваме долгорочна вредност на пазарите на кои работиме. Исто така, ова е потврда на напредокот што групацијата го постигна во примената на највисоките стандарди во работењето. Комбинацијата на регионалното присуство и стручноста на „АИК Груп“ со глобалното искуство на ЕБОР овозможува побрза економска транзиција на регионот, додека инвестицијата на ЕБОР ќе го поддржи понатамошното проширување на пазарите и зголемувањето на оперативната ефикасност“, додаде Разван Мунтеану, претседател на Извршниот одбор на „АИК Груп“.
Проектот дополнително ќе ги зацврсти високите стандарди на корпоративното управување, додека именувањето претставник на ЕБОР во Одборот на директори ќе донесе дополнително меѓународно искуство од финансиската индустрија. Благодарение на инвестицијата, „АИК Груп“ ќе може да користи техничка поддршка во различни области, вклучувајќи ги сајбер-безбедноста и управувањето со податоци, во согласност со стандардите и регулативата на ЕУ.
Со влегувањето на ЕБОР во сопственичката структура, „АИК Груп“ се обврза дополнително да развива и спроведува план за климатска транзиција усогласен со целите на Парискиот договор. Планот ќе го поддржи интегрирањето на климатските аспекти во управувањето, стратегијата, управувањето со ризиците и практиките за објавување информации во рамките на целата групација и нејзините зависни друштва.
Оваа трансакција е дел од Стратегијата на ЕБОР за финансискиот сектор и е усогласена со пристапот на Банката за забрзување на дигиталната транзиција, со истовремена поддршка на развојот на конкурентен, добро управуван и отпорен банкарски сектор низ Западен Балкан.