
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Делта“ планира да вложи 50 милиони евра за развој на овоштарство и градинарство на југот од Србија. Планот е да се зголемат засадите на површина од околу 1.000 хектари, како што се засадите со јаболка што „Делта“ ги има во „Аграр“, а кои претставуваат најголем овоштарник во југоисточна Европа.
„Делта" планира да вложи 50 милиони евра за развој на овоштарство и градинарство на југот од Србија. Планот е да се зголемат засадите на површина од околу 1.000 хектари, како што се засадите со јаболка што „Делта" ги има во „Аграр", а кои претставуваат најголем овоштарник во југоисточна Европа.
Во овој момент се воспоставени контакти со локалните власти во Лесковац, а следниот чекор е воспоставување на контакт со градските власти во Врање. Како што е наведено во соопштението на компанијата, постигнати се рекордни резултати во жетвата на јачмен и пченица на земјиштето на „Делта аграр". Во завршната жетва на 5 земијишта постигнат е просечен принос на јачмен од 8,1 тони по хектар, а пченица 8,15 тони по хектар.
Овие денови дознавме дека Србија ќе има милион тони пазарен вишок на пченица, што се толкува како добра вест, а ние го мислиме спротивното, рече извршниот потпретседател за оперативни работи во „Делта" Дејан Јеремиќ.
Кога ќе ги погледнете резултатите на „Делта аграр", ќе видите дека со нашите приноси и 550.000 хектари под пченица што ги има Србија, државата треба да има околу 3,5 милиони тони пазарен вишок. Тоа значи дека зад овој податок за милиони тони вишок всушност се крие фактот дека просечниот принос на пченица во Србија е помал од 4 тони по хектар, што е поразителен податок, објасни Јеремиќ.