
Компанијата „Чипс веј“ од Чачак, ќе отвори нов погон за производство на пуканки и пакување, во кој до 2019 година ќе бидат отворени 100 нови работни места, со поддршка на Владата на Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Чипс веј" од Чачак, ќе отвори нов погон за производство на пуканки и пакување, во кој до 2019 година ќе бидат отворени 100 нови работни места, со поддршка на Владата на Србија.
Сопственикот на „Чипс веј" Томислав Бајовиќ и српскиот министер за стопанство Горан Кнежевиќ во саботата (11 март) потпишаа договор за изградба на нов погон на фабриката во Чачак, објави веб-страницата на Владата на Србија.
Според договорот, државата ќе вложи 592.000 евра за 100 нови вработувања во погонот, кој треба да почне со работа во мај. Станува збор за линија за снек производи, со опрема за производство на пуканки и центар за пакување од типот „хастамат", кој ќе се користи за пакување на произведената стока.
Во фабриката се вработени 95 работници, а во април ќе бидат вработени уште 45, кои во моментов се на пробна работа. Идната година, според планираната динамика, ќе бидат вработени уште 25, а во 2019 година - уште 30 работници, односно – 100 нови вработувања во период од три години, известуваат од компанијата.
„Чипс веј" извезува 45 отсто од своите поизводи, а останатото го пласира на домашниот пазар во Србија. Планот за производството за оваа година, со инсталирањето на новата линија, е 2.300 тони, односно проектиран е раст од 57 отсто.