
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Чешкиот фонд „Еко инвестмент Прага“ и неговата словачка компанија „Еко инвестмент Братислава“ објавија дека се заинтересирани за преземање на преостанатите акции на словенечката компанија „Палома“, каде веќе имаат удел од 57,2 отсто.
Чешкиот фонд „Еко инвестмент Прага" и неговата словачка компанија „Еко инвестмент Братислава" објавија дека се заинтересирани за преземање на преостанатите акции на словенечката компанија „Палома", каде веќе имаат удел од 57,2 отсто.
Според законот, во рок од еден месец треба да им се даде понуда на помалите акционери, а цената на акциите треба да биде 4,01 евра, колку што чинеа акциите купени од државните фондови.
„Палома" е водечки регионален производител во сегментот хигиенска хартија, чиј капацитет е 72.000 тони. Во првите три тромесечја од минатата година компанијата забележа приходи од 64,5 милиони евра, што е за 2 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Компанијата за овој период оствари чиста добивка од 1,9 милиони евра. Производството на хартија порасна за 3 отсто, на 51.300 тони, што овозможи снабдување на нов софтвер, како и поголема продуктивност и ефикасност.
Минатата година „Палома" продаде 48.200 тони, што е за 7 отсто повеќе од 2015 година.