
Кон крајот на октомври, на Ирца во Тузла, „Бинго“ отвори две нови продавници – хипермаркет и продавница за бела техника „Бинго“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кон крајот на октомври, на Ирца во Тузла, „Бинго" отвори две нови продавници – хипермаркет и продавница за бела техника „Бинго".
Во рамките на центарот, кој се простира на површина од 3.500 квадратни метри се наоѓа хипермаркетот „Бинго", а на површина од 1.500 квадратни метри се наоѓа продавницата за бела техника „Бинго", како и другисодржини на центарот (кафулето „Ексит" и продавницата „Јиск").
„Бинго техно шоп" е новитет кога е во прашање нашата малопродажба. Просторот е уреден како изложбено-продажен салон за бела техника и апарати за домаќинство. Во оваа продавница ќе бидат достапни голем број на брендови од белата техника, изјавија од компанијата.