
Компанијата „Бинго“ е новиот сопственик на фабриката за детергенти во стечај „Дита“ од Тузла. Продажбата доаѓа како резултат на слободна спогодба меѓу претставниците на „Бинго“ и одборот на доверители на „Дита“
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Бинго" е новиот сопственик на фабриката за детергенти во стечај „Дита" од Тузла. Продажбата доаѓа како резултат на слободна спогодба меѓу претставниците на „Бинго" и одборот на доверители на „Дита", а одлуката веќе била прифатена од општинскиот суд во Тузла.
За преземање на фабриката, од „Бинго" понудиле 3.919.000 евра, а со купувањето се обврзале да ги задржат на работа затекнатите 75 вработени. Со парите од продажбата, како што јавува босанско-херцеговскиот портал „Фактор", ќе биде комплетиран работниот стаж на затекнатите вработени и на некогашните вработени на кои не им бил регулиран во целост.
„Бинго" деновиве објави пораст на приходите од 13 отсто за периодот на календарската 2016 година, со што ја зацврсти својата улога на лидер на современото тргување во БИХ. Компанијата располага со 184 малопродажни објекти и има 7.000 вработени.