
„Атлантик група“ продолжува да ја спроведува својата стратешка програма за дезинвестирање на помалите деловни операции.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" продолжува да ја спроведува својата стратешка програма за дезинвестирање на помалите деловни операции.
„Атлантик група" и компанијата „Магдис" од Загреб, потпишаа купопродажен договор за компанијата „Нева", носител на производствената програма за козметика во „Атлантик група", производител на брендовите Rosal, Plidenta и Melem.
„Магдис" е реномиран производител на козметичката линија Biobaza, како и на лекарски и медицински производи и суровини. Со проширувањето на производствените капацитети и на портфолиото, ќе стане значаен играч на хрватскиот и на регионалните пазари во поглед на козметичките производи. Оваа компанија ќе ги преземе производствениот погон на „Нева" во Ракитје, вкупното портфолио на компанијата и вработените.
„Атлантик група" продолжува да ја спроведува стратешката програма за дезинвестирање на „non-core" малите деловни операции, а во „Магдис" пронајде идеален партнер кој ќе продолжи да ги развива овие брендови.
Исклучително важно ни беше да пронајдеме партнер кој ќе ги следи високо поставените стандарди за квалитет и ќе ги препознае вредностите кои ја носат традицијата од повеќедецениското минато. „Магдис" е токму таков партнер, истакна Невен Вранковиќ, потпретседател на Управата за корпоративни активности во „Атлантик група"
„Атлантик група" ја презеде „Нева" во 2003 година од тогашната фармацевтска компанија „Плива", а ја прошири со аквизиција на компанијата „Интерчем" во чие портфолио беше брендот Melem.