
Трговскиот синџир „Аман“ соопшти дека во текот на претходните два месеца продолжи со ширење на малопродажната мрежа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Аман" соопшти дека во текот на претходните два месеца продолжи со ширење на малопродажната мрежа.

Во срцето на Белград, на ул. „Зелен венац" бр.14, на почетокот од овој месец, отворен е објект кој со својот асортиман и позиционираност на производите овозможува едноставно и квалитетно пазарење, во текот на 24 часа дневно.
На 20 мај, во Бешка е отворен првиот маркет „Аман". Овој објект се простира на површина од 250 квадратни метри, а на потрошувачите им нуди широк асортиман на производи. И во Сурчин, на ул „Војвоѓанска" бр.1, отворен е нов маркет, кој зазема површина од 500 квадратни метри. Во понудата на овој маркет акцентот е ставен на свежото месо и месните преработки, како и на овошјето и зеленчукот.
Кон крајот на април, пак, пристигна супермаркетот „Интер Аман" во Горњи Милановац, отворен на ул. „Војвода Мишиќ" бр. 26, а во Врчин, маркет „Аман" е отворен на ул. Сава Ковачевиќ" бр. 10б.