
Компанијата „Бинго“ има намера да го преземе „Ариа мол“, еден од најголемите трговски центри во главниот град на Босна и Херцеговина, порано познат како „ББИ центар“, пишува Biznisinfo.ba.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Бинго“ има намера да го преземе „Ариа мол“, еден од најголемите трговски центри во главниот град на Босна и Херцеговина, порано познат како „ББИ центар“, пишува Biznisinfo.ba.
Имено, антимонополското тело на Босна и Херцеговина примило пријава за концентрација со која компанијата „Бинго“ има намера да стекне 100% удел во деловниот субјект „Центар парк риал естејт“.
Станува збор за компанијата која е сопственик на „Ариа мол“, што значи дека со реализација на оваа трансакција „Бинго“ би можел да стане нов сопственик на еден од најатрактивните трговски центри во Сараево.
Според податоците од пријавата, предметната концентрација ќе има ефект на пазарот на изнајмување и управување со сопствени недвижности во Кантонот Сараево.
„Ариа мол“ во моментов е во сопственост на „Центар парк риал естејт“. Компанијата работи стабилно – претпретходната година остварила приходи од околу 7,8 милиони евра и добивка од приближно 3,2 милиони евра, што претставува благо подобрување во споредба со претходните години.
Советот за конкуренција на БиХ ги повика сите заинтересирани страни да достават евентуални забелешки и мислења во рок од осум дена од денот на објавување на известувањето.
По истекот на тој рок се очекува одлука на регулаторот, која ќе ја потврди или одбие оваа концентрација.
Фото: InStore