.webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Македонија не страда од недостиг на дигитална поврзаност. Предизвикот е како таа поврзаност да се претвори во економска вредност. Компаниите што ќе ја сфатат оваа транзиција како стратегиска можност, а не како оперативна обврска, ќе бидат тие што ќе ја дефинираат иднината на малопродажбата во земјата.
Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и генерален извршен директор на „ГС1 Македонија“
Ако се суди според дигиталните навики на граѓаните, Северна Македонија одамна ја има „влезницата“ за сериозен пораст на е-трговијата. Интернет-пенетрацијата над 90% и речиси универзалната дневна употреба на интернет создаваат основа која многу пазари би ја посакале. Но, кога ќе се погледне како овие навики се преточуваат во реална куповна онлајн-активност, станува јасно дека потенцијалот сè уште не е целосно активиран. Народски кажано, Македонците се силно присутни на интернет. Социјалните мрежи вријат од коментари, дебати и ставови за речиси секоја тема, од политика до спорт и секојдневие. Но, кога станува збор за онлајн-купување, ентузијазмот изгледа значително поумерен. Овој мал пејоративен контраст добро ја отсликува реалноста: дигиталната поврзаност не секогаш автоматски се претвора во дигитална потрошувачка.
Македонскиот пазар со приходи од околу 519 милиони евра и релативно висок просечен приход по корисник од над 1.000 евра укажува дека купувачите кои се активни онлајн не се случајни или импулсивни, туку вредносно ориентирани. Напротив, тоа е вредносно концентриран пазар со купувачи кои се подготвени да трошат, но селективно. Ова отвора интересно прашање: дали проблемот е во побарувачката или во понудата?
Податоците сугерираат дека одговорот лежи повеќе на страната на понудата. Е-трговијата кај нас често функционира како „додаток“ на традиционалниот ритеил, или како „експериментален проект“, а не како стратешки канал. Се инвестира во веб-страници, апликации или кампањи, но ретко во целосна трансформација на процесите и организацијата. Тоа е типична фаза на рана зрелост: доволно интерес за движење напред, но недоволно храброст за трансформација.
Особено е индикативно однесувањето по категории. Релативно стабилната активност кај спортска опрема и козметика покажува дека купувачите се подготвени за онлајн-купување кога постои јасна вредност во смисла избор, удобност или цена. Но, слабата пенетрација кај електрониката, како и кај прехранбените производи и доставата на храна, укажува на структурни ограничувања: логистика, доверба, корисничко искуство и, можеби, недоволно агресивни маркетинг-стратегии.
Со години компаниите инвестираа во ширење на продажната мрежа, подобрување на управувањето со категории и промотивни активности во продавниците. Тоа создаде силни офлајн-компетенции, но и одредена инерција кон дигиталната трансформација. Во таков контекст, е-трговијата лесно останува „дополнителен канал“ наместо двигател на нов пораст.
Парадоксално, токму во „практичните“ дигитални услуги Македонија е регионален лидер. Високиот удел на онлајн-плаќања за телекомуникациски услуги и комуналии покажува дека граѓаните немаат проблем со дигитални трансакции, туку напротив, луѓето се веќе навикнати на нив. Наместо тоа, изгледа дека е-трговијата со стоки не нуди доволно убедливи причини за промена на навиките.
Ова отвора простор и за малку поинаква, можеби и шпекулативна теза: македонскиот ритеил не заостанува затоа што е „недигитален“, туку затоа што е премногу успешен во традиционален формат. Со години компаниите инвестираа во ширење на продажната мрежа, подобрување на управувањето со категории и промотивни активности во продавниците. Тоа создаде силни офлајн-компетенции, но и одредена инерција кон дигиталната трансформација. Во таков контекст, е-трговијата лесно останува „дополнителен канал“ наместо двигател на нов пораст.
Што треба да се направи?
Прво, е-трговијата мора да се третира како профитен центар со јасно поставени цели, а не како маркетинг-алатка.
Второ, потребни се инвестиции во корисничко искуство, од едноставни постапки за нарачка до персонализирани понуди базирани на аналитика и, се разбира, ефикасна достава.
Трето, финтек-решенијата и е-владините услуги треба да се развиваат паралелно за да се намали фрикцијата во плаќањето и довербата во дигиталните трансакции.
Проекциите покажуваат дека пазарот може да достигне 650–700 милиони евра во следните години, доколку се отстранат институционалните и бизнис-бариерите. Но, тој пораст нема да се случи автоматски. Дел од вредноста може да ја преземат регионални или глобални платформи кои веќе имаат развиена скала и технолошка супериорност.