
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Според податоците објавени на Македонска берза, со намалени приходи и намалена добивка во првото полугодие заврши „Жито Полог“ АД – Тетово. Компанијата за шест месеци остварила добивка од 200.000 евра што е за 33% помалку споредено со првите шест месеци лани.
Според податоците објавени на Македонска берза, со намалени приходи и намалена добивка во првото полугодие заврши „Жито Полог" АД – Тетово. Компанијата за шест месеци остварила добивка од 200.000 евра што е за 33% помалку споредено со првите шест месеци лани.
Помалата добивка се должи на намалените оперативни приходи за 7% на вкупно 219 милиони денари, при што на домашен пазар продажбите се помали за 5%, покажува финансискиот извештај објавен на Македонската берза.
Основна дејност во „Жито Полог" АД – Тетово опфаќа производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Поседува сместувачки капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на Живинарската фарма.