
По минатогодишната акција за чистење на кејот на Вардар, вработените и членовите на менаџерскиот тим на „Пивара Скопје“, огранизираа нова волонтерска еко-акција за чистење на брегот и водите на езерото Матка.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По минатогодишната акција за чистење на кејот на Вардар, вработените и членовите на менаџерскиот тим на „Пивара Скопје", огранизираа нова волонтерска еко-акција за чистење на брегот и водите на езерото Матка.
Во акцијата под мотото „Рециклирате ли?", покрај минатогодишните партнери „Пакомак" и Амбасадата на Холандија во Македонија, се приклучија и британскиот амабасадор со неговиот тим, како и нуркачите од спелеолошкото друштво „Врело", кои беа задолжени за неорганскиот отпад од водите на езерото.
Среќен сум што заедно со колегите, вработените во Пивара Скопје, и со нашите пријатели и партнери, одново покажавме дека кога се работи за животната средина, подготвени сме, покрај како организации и компании, да делуваме и како идивидуи, вложувајќи дел од нашето работно време и енергија за да ја зачуваме природата чиста и здрава,изјави Јован Радосављевиќ, генерален директор на „Пивара Скопје".
За холандскиот амбасадор, кој по вторпат учествува во еко-акцијата, ова е најдобриот начин за зголемување на јавната свест за проблемот со загадувањето. Луѓето често сакаат да дебатираат за глобалните проблеми, без да се запрашаат дали и тие лично придонесуваат за нив. Гледајќи го проблемот со загадувањето на придодата, мојот апел до сите граѓани е дека време е секој од нас, размислувајќи глобално, да почне да дејствува и локално, дециден е холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп.
Британскиот амбасадор Чарлс Гарет изјави дека Македонија е земја со прекрасна природа. Се надевам дека овие акции ќе бидат пример и поттик за сите граѓани и посетители на овој живописен предел дека одговорноста за зачувување на оваа убавина лежи во секој од нас, истакна тој.
Логистичката поддршка за собирање, транспорт, селектирање и рециклирање на собраниот отпад од оваа еко-акција, ја обезбеди компанијата „Пакомак". Нѐ радуваат вакви акции, бидејќи тие покажуваат дека не сме осамени во остврувањето на нашата мисија. Охрабрени од придонесот од овие акции, сметаме дека поставените цели во поглед на управувањето со отпадот од амбалажа до 2020 година, не само што се остварливи, туку заеднички можеме и да ги надминеме, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во „Пакомак".