
Прво „Кам“, по него „Тинекс“, па трет „Веро“ – вака изгледа ранг-листата на топ трите синџири супермаркети во Македонија, според изборот на потрошувачите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Прво „Кам", по него „Тинекс", па трет „Веро" – вака изгледа ранг-листата на топ трите синџири супермаркети во Македонија, според изборот на потрошувачите.
Податоците од најновото истражување на „Инсајдер ИД" покажуваат дека според изборот на потрошувачите на ниво на целата земја, „Кам" е на првото место со 67%, на второто место е „Тинекс" со 40% и на третото – „Веро" со 26%.
Разликата меѓу првото и второто место е за повеќе од 27%, што на „Кам" му овозможува стабилна прва позиција, односно потребни се поголеми поместувања во навиките на потрошувачите, за таа позиција да се наруши.
Според просечните месечни приходи, потрошувачите со највисоки месечни примања повеќе пазаруваат во „Веро" во споредба со другите два трговски синџири. Интересна е позицијата на „Кам", каде што јасно е забележливо приближно исто учество на сите типови на потрошувачи. Во „Тинекс", кој се наоѓа помеѓу „Кам" и „Веро", се забележува тренд на приближување на потрошувачите со најниски приходи (до 250 евра) до тие со приходи од повеќе од 500 евра.
Во последната деценија, како што стои во соопштението на „Инсајдер ИД", во подем се маркетите од категоријата хард-дисконти како „Кам", „Стокомак" и „Кипер", кои се насочени кон потесен асортиман, приватни трговски марки или брендови што само тие ги дистрибуираат, квалитетни производи и пониски цени од конкуренцијата. Поради разликите во асортиманот и во ценовната структура на различните маркети, потрошувачите во Македонија не пазаруваат од еден маркет, туку дел од производите ги набавуваат од хард-дисконтите, кои се приближно во секоја нивна комбинација, додека други производи, набавуваат од класичните синџири на маркети.
Во истражувањето, потрошувачите имаат наведено дека пазаруваат во повеќе од 50 различни национални и локални трговски синџири. Анализата прикажува структура, во која освен на националните синџири маркети како „Тинекс", „Кам", „Веро", „Рамстор", „Жито" и „Стокомак", потрошувачите им имаат дадено значење и на локалните, кои имаат солиден дел од пазарното учество.
За истражувањето:
„Инсајдер ИД" во текот на овој месец спроведе истражување на тема „Анализа на влијанието на промотивните активности, карактеристиките на производот, факторите за избор и рангирањето на маркетите во Македонија". Во првиот од вкупно шест дела од истражувањето, потрошувачите наведуваат во кои три маркети најчесто пазаруваат, а според нивните одговори, е извршено рангирањето на маркетите во Македонија. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.440 активни потрошувачи на ниво на целата држава. Деталниот извештајот опфаќа 110 страници анализа. Сите критериуми/прашања се обработени генерално и детално според демографските карактеристики на примерокот, и се прикажани на повеќе од 220 графикони.
Веб-страница:www.insider.mk
Контакт: sergej@insider.mk