
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Светска банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија за 2026 година. Наместо претходно очекуваните 2,9 проценти, сега се предвидува раст од 3,2 проценти.
Според октомврискиот извештај, инфраструктурните проекти се очекува да бидат меѓу главните двигатели на економската активност.
За 2027 и 2028 година, Светска банка прогнозира економски раст од по 3 проценти.
На ниво на Западен Балкан, прогнозата предвидува раст од 3,1 процент во 2026 година, додека за 2027 и 2028 година се очекува раст од 3,4 проценти.