
И покрај 500 регистрирани производители на органска храна во Македонија, домашните органски производи се сè уште малку застапени во супермаркетите, констатираа производителите, граѓанските здруженија и трговците, на тркалезна маса.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
И покрај 500 регистрирани производители на органска храна во Македонија, домашните органски производи се сè уште малку застапени во супермаркетите.
Ова беше констатирано на средбата на претставници на производителите на органска храна, на граѓанските здруженија и од трговските синџири „Веро", „Тинекс" и „Рамстор",што се одржа деновиве во Стопанската комора на Македонија.
Според Организацијата на потрошувачите, трговските синџири покажуваат сè поголем интерес за пласман на органски производи, пред сè, поттикнати од зголемениот интерес за нив, особено од помладата популација.
За поголемо присуство на органската храна од домашно производство на полиците во супермаркетите, беше констатирано дека треба да се зголеми контролата на пазарот и се потребни гаранции дека тоа што се продава ги задоволува стандардите и правилата за производство на органска храна.
Меѓу причините, беа посочени и немањето откупни центри, малите произведени количини и непостојаноста на изгледот и квалитетот на свежите производи.