
Новиот функционален јогурт Здравје+ на млекарницата „Здравје Радово“, беше промовиран денеска, во скопскиот хотел „Холидеј ин“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новиот функционален јогурт Здравје+ на млекарницата „Здравје Радово", беше промовиран денеска, во скопскиот хотел „Холидеј ин".
На промоцијата говореа Панделе Панделески, извршен директор на „Здравје Радово" и Милка Исјановска, директор за маркетинг во компанијата. Тие го потенцираа периодот на создавање на Здравје+, во кој секој вработен во компанијата се вложил максимално.
По неколкугодишна макотрпна и посветена работа, ви го претставуваме новиот функционален јогурт Здравје+, кој го промовираме под мотото: Јогурт кој ве раздвижува. Виталност, енергија и хармонија се трите столба, на кои работеа нашите технолози, изјави Панделески. Тој потенцираше дека јогуртот е направен од 100 проценти висококвалитено млеко од Македонија и дека го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот.
Исјановска најави целосна посветеност во промовирањето на здравите навики кај потрошувачите: Нè чека долг пат за подигнување на свеста за сопственото здравје. Како општествено одговорна компанија, „Здравје Радово" внимава на консументите и ќе продолжи со проекти, кои го промовираат личното здравје. Само на тој начин ќе бидеме во постојан контакт со потрошувачите.
На денешната прес-конференција беше најавена новата инвестиција на „Здравје Радово" за нов производственпогон. По двете фабрики во Струмица и една во Куманово, новиот погон ќе биде отворен во Битола. Станува збор за целосно нова, модерна фабрика, која како и претходните, ќе работи со комплетно нова технологија, според стандардите од Европската унија.
Новата инвестиција ќе отвори можност за нови вработувања, а воедно и за зголемување на производствениот капацитет за ивозните пазари, ако се има предвид дека „Здравје Радово" е присутен и на рускиот пазар. Како први производи што ќе произлезат од новиот погон, ќе бидат новите пакувања на ухт и на свежо млеко.