
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „ДМ дрогерие маркт“ ја заврши деловната 2025/2026 година со промет од 4,6 милијарди денари во Македонија, што претставува раст од 24,38 проценти во споредба со претходната година. Според податоците на компанијата, продадени се над 29,57 милиони производи, а бројот на купувања се зголемил за 14,59 проценти.
Инвестициите во земјата надминале 160,7 милиони денари. Во текот на деловната година е отворена една нова продавница, а три постојни се преуредени, од кои две се преселени на нови локации. Продажната мрежа сега опфаќа 24 продавници во 11 града.
„Развојот го градиме на доверба и долгорочни вложувања во вработените, иновациите и одговорното користење на ресурсите. Резултатите ги претвораме во конкретна вредност за купувачите, вработените и заедницата“, изјавија членовите на управата за Србија и Северна Македонија.
Во компанијата во Македонија работат повеќе од 340 лица. На почетокот на 2026 година, според соопштението, бруто-платите биле зголемени во просек за речиси 10 проценти. Воведени се и дополнителни денови годишен одмор, со вкупно право на одмор од 22 до 30 дена, во зависност од возраста на вработените.
Понудата во продавниците опфаќа повеќе од 13.500 производи, од кои над 4.000 се од сопствените трговски марки на dm. Компанијата наведува дека го модернизирала продажниот концепт и вовела дигитални решенија во внатрешното работење, вклучително и Microsoft Copilot.
За активности од општествено значење биле издвоени 9,68 милиони денари. Од нив, повеќе од 3,73 милиони денари биле вложени во шест проекти избрани преку иницијативата „Создаваме заедно иднина која инспирира“.
Преку Giving Friday биле донирани речиси 560.000 денари на хуманитарната организација „Свети Спас“ за пакети со храна. Во рамките на проектот „Никогаш повеќе сама“, компанијата донирала над 320.000 поединечни хигиенски влошки од брендот Jessa на државните универзитети.
Според соопштението, преку два проекта за пошумување и озеленување биле засадени над 50.000 садници. Во осум продавници во Македонија е поставена и опрема за мерење и анализа на потрошувачката на електрична енергија.
На ниво на целата групација, која работи во 14 земји и вработува повеќе од 100.000 луѓе, остварен е промет од 20,98 милијарди евра.