
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сами Морина е избран за нов претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија на шестото Изборно собрание на Комората.
Од СКСЗМ информираат дека раководството било избрано преку демократски и транспарентен изборен процес, со што, како што наведуваат, се потврдува институционалниот континуитет и почитувањето на принципите врз кои функционира Комората.
Изборот на Морина, според СКСЗМ, претставува значаен момент во продолжувањето на активностите за застапување на интересите на деловната заедница, поттикнување на економскиот развој и зајакнување на соработката со институциите, домашните и меѓународните партнери.
Од Комората најавуваат дека под раководство на новиот претседател ќе продолжат со градење нови партнерства и со зајакнување на дијалогот со сите релевантни чинители, со цел подобрување на условите за развој на бизнис-секторот и економијата.
СКСЗМ упати и благодарност до соработниците, институционалните партнери, компаниите, организациите, дипломатските претставништва и медиумите за досегашната соработка и поддршка во остварувањето на целите на Комората.