
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„7 митови за малопродажбата“ е темата на која ќе говори Тони Балажич на 11 FMCG Summit кој ќе се одржи на 30 октомври во „Александар палас“ во Скопје, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Трговијата со храна во моментов минува низ најголемите транформации досега. Иако долго време одредени „вистини“ ги формираа стратегиите и одлуките за инвестиции, често реланоста на терен е сосема поинаква. Во својата презентација, Тони Балажич ќе се осврне на неколку широко прифатени митови во индустријата — од наводните ограничувања на дисконтерите, преку профитабилноста на трговијата со храна, улогата на брендовите од производителите, ветувањата на е-трговијата, па сè до иднината на физичките продавници.
Користејќи европски и регионални примери, Тони ќе открие што навистина го поттикнува растот и профитабилноста во денешната FMCG индустрија, и што клучно треба да разберат лидерите за да опстанат и напредуваат во следниот бран на предизвици.
Тони Балажич е претседател на Управниот одбор на Auchan Унгарија и еден од најистакнатите менаџери во малопродажбата и прехранбената индустрија во регионот. Со повеќе од 25 години врвно менаџерско искуство, успешно раководел со големи компании и ја обликувал нивната стратешка насока.
Пред да се приклучи на Auchan, Тони беше претседател на Управниот одбор на Mercator d.d. (2012–2017), каде што одигра клучна улога во трансформацијата на една од најголемите малопродажни групации во Југоисточна Европа. Претходно ги извршувал функциите претседател на Управниот одбор на Žito Group и на Fructal.
Кариерата ја започна во Spem d.o.o. како директор за развој на проекти, каде што ја основа и Лондонската школа за односи со јавност (LSPR Словенија) и беше нејзин прв директор. Подоцна работеше како маркетинг директор во Petrol и како консултант во A.T. Kearney.
