
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Само уште неколку дена до настанот на годината, кој не треба да го пропуштите!
Ден за едукација, дружење и нетворкинг на 8 FMCG Summit Skopje!
Повеќе од 300 учесници веќе го пријавија своето учество! Не чекајте, резервирајте го Вашето учество навреме!
Присуството на самитот е одлично за вашиот бизнис! Најдобрите доаѓаат на 8 FMCG Summit: Реј Гаул, ко - основач и извршен директор во Retail Cities; Бојан Радун, CEO на „Имлек“, сопственик на „Нектар“; Мина Јанакиев, консултант за анализа на продажбата во „Нилсен IQ“; Ениса Селмановиќ - Салкиќ, основач и извршна директорка на агенцијата Consultor, Сараево; Сашо Димоски, генерален директор на „Гебрудер вајс“ - Македонија; Дејан Митковски, експерт за продажба и бизнис - развој;Сашка Костовска Длака, финансиски фасилитатор;Емир Жуниќ, раководител на одделот за AI/IM во Info Studio; Урош Богдановиќ, радио и поткаст консултант; Филип Трифуновски, Емир Реџепагиќ, „Паком“. На панел дискусијата ќе дискутираат: Перица Вичишки, генерален директор на „Атлантик трејд“, Александар Илиев, претседател на СИЗ ЛКА, Борче Треновски, професор на Економскиот факултет на УКИМ и Јован Дабевски, експерт за млечната индустрија.
Низ ексклузивноста на настанот, ви овозможуваме уште повеќе да го развиете вашето работење. На 8 FMGG Summit ќе слушнете:
•Hyperinflation = Hyper Reaction? – како различните трговци на мало ги одредуваат цените во новата ера на економска несигурност во Европа;
•Продажни преговори и предизвици – работи што другите не ви ги кажуваат;
•Case study: одличните резултати на Studio samartWMS, smartTMS и Sales Forecasting во компанијата „Аман“;
•Storyselling – раскажете моќна приказна;
•Која е тајната на победничките тимови;
•Што „не е сеедно“ во менаџментот;
•Други извори на финансиски средства – како до нив?
•Деловните трендови во 2023 година за кои секоја компанија мора да се подготви;
•Панел дискусија: Како да им светне на компаниите? Глобални предизвици и локални мерки – Дискутираат: Перица Вичишки, Јован Дабевски, Борче Треновски и Александар Илиев.
Во организација на: InStore и Кликер маркетинг
Благодарност до спонзорите и партнерите на 8 FMCG Summit Skopje:

За информации за спонзорските пакети обратете се на:
meri@instore.mk 071 262 441