
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Купувањето преку интернет во странство станува сè поисплатлива и почеста навика за македонските граѓани, а бројките покажуваат дека потрошувачката се движи кон половина милијарда евра.
Според анализата на Асоцијацијата за е-трговија, базирана на податоци од Народната банка за 2025 година, Македонците со платежни картички во странство реализирале онлајн трансакции во вредност од 427,8 милиони евра. Истовремено се направени 12,4 милиони трансакции, најчесто за авиобилети, хотелски резервации и други услуги поврзани со патувања.
Во споредба со 2024 година, вредноста на трансакциите е зголемена за 50 проценти, додека бројот на трансакции пораснал за 69 проценти. Просечната трансакција изнесувала 34 евра, што е за 11 проценти помалку од претходната година.
Дури 74 проценти од вкупната вредност и 83 проценти од бројот на трансакции се реализирани во Ирска, Холандија, Обединетото Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург.
Најмногу средства завршиле во Ирска – 92,1 милиони евра, што е раст од 173 проценти на годишно ниво. Следува Холандија со 62,4 милиони евра и раст од 49 проценти.
Во Ирска е регистриран и најголем број трансакции – 4,8 милиони, додека во САД биле реализирани 2,1 милиони. Најголем раст на бројот на трансакции е забележан во Германија, речиси 650 проценти, и во Кипар со 263 проценти.
Највисока просечна вредност на трансакција Македонците направиле во Унгарија – 152,2 евра, додека најниска е во Луксембург – 14,1 евра.
Од Асоцијацијата за е-трговија велат дека растот е последица и на тоа што глобалните дигитални компании ги имаат своите европски седишта токму во овие земји. Во Ирска, на пример, се регистрирани европските операции на Amazon, Google, Meta и Apple, како и наплатата за Temu и бројни дигитални услуги.
Холандија, пак, важи за значаен европски е-commerce и логистички центар, како и седиште на Booking.com, што ја објаснува нејзината силна позиција во сегментот на патувања и резервации.