
Прочитајте ги и проверете ги трите совети за организација на инстор-настани во вашите маркети, кои максимално ќе ги привлечат купувачите, ќе ја зацврстат...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Прочитајте ги и проверете ги трите совети за организација на инстор-настани во вашите маркети, кои максимално ќе ги привлечат купувачите, ќе ја зацврстат нивната лојалност и ќе ја зголемат продажбата.
Автор: Кетрин Елвуд, бизнис-аналитичар, ИГД
За трговците и за производителите, пренесувањето на пораката во комуникацискиот процес и привлекувањето на потрошувачите е исклучително тешко. Како и да е, инстор-настаните со сите свои различни форми отвораат нови можности за развој, за обете страни. Предмет на анализа во овој текст се добро организираните и влијателни инстор-настани, кои ќе им помогнат на трговците да изградат поблиски врски на лојалност со потрошувачите и ќе им овозможат максимално искористување на механизмот.
Во продолжение се три совети за создавање ефективни инстор-промоции, прикажани преку најдобрите примери што ги забележавме низ целиот свет.
1.Храбро и креативно изложување со фактор на изненадување
Внесувањето колоритност и креативност во продажниот простор, веднаш го привлекува вниманието на купувачите и ги доведува во искушение за импулсивно купување, односно до дополнителни (непланирани) производи во нивната кошница.
По повод Ноќта на вештерките, во Канада, „Лублус" (Loblaws) изложува мноштво тикви, кои го задржуваат вниманието на потрошувачите-минувачи или на тие што влегуваат во продавниците. „Хајнекен" изгради „стадион од пива" во маркетите „Џамбо" во Холандија и на тој начин го прослави Светското фудбалско првенство во 2014 година.
| Што може да направите вие?Искористете го просторот во поголемите формати, создавајќи слободен простор што ќе биде наменет за различни настани;Размислувајте во пошироки рамки – поинаку, неконвенционално и од различни перспективи. На тој начин ќе креирате ново искуство, поинакво од сопственото и поинакво од искуството на другите трговци.Земете ја предвид виртуелната реалност и активирајте ги потрошувачите да ги искористат придобивките што им се достапни од технолошкиот развој. |
2.Промотивни тактики – привлекуваат и активираат
Додека инстор-промоциите се едноставни за разбирање, тематските настани се изделуваат и се антагонистички поставени во однос на пошироката промоција, односно кон пренесувањето на пораката до пошироката потрошувачка публика.
За велигденските празници, „Асда", во соработка со технологијата за додадена реалност (augmented reality) „Запар" во Велика Британија, создаде виртуелна инстор-потрага по велигденското јајце, поттикнувајќи ги купувачите да го откријат со помош на нивните паметни телефони. Во Канада, „7-елевен" им дозволи на купувачите да изберат шолји за кафе со натписи „Single", „Taken" и „It’s complicated", пред и по Денот на заљубените.
| Што може да направите вие?Аспектите на вклучување во игра и на партиципација на потрошувачите, можат да го направат купувањето многу забавно;За да им доделите дополнителна вредност на наградите, направете ги релевантни за вашите купувачи. |
3.Обезбедете мисија насочена кон решенија

Удобноста е во фокусот на сите продажни канали, без оглед дали станува збор за скратеното време поминато во продавница или за создавање решенија што ќе го заштедат времето подоцна.
Свеченоста „Холидеј хелперс воркшоп" на „Волмарт" во Канада е празник за играчките, која ги охрабрува децата да си играат со најпопуларните играчки од сезоната, а истовремено, на родителите им овозможува да им ги купат. Во текот на летната сезона, „Едека" на германските потрошувачи им нуди подготвени прехранбени пакети со хартиени чинии и со прибор, осмислени и создадени за пикник во природа.
| Што може да направите вие?Вкрстениот мерчендајзинг, јасната сигнализација и сегментацијата на пазарот ги прават инстор-настаните привлечни за купување;Имајте ја предвид мисијата на купувачот како цел – кои други производи, услуги и решенија би им биле потребни на вашите купувачи? |