
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во услови на забрзани пазарни промени, компаниите сè повеќе се потпираат на сигурни податоци за да донесуваат стратешки одлуки. Најновата анализа на „Еуромонитор“, заснована на обемната платформа за пазарна интелигенција Passport, ги издвојува клучни
Во услови на забрзани пазарни промени, компаниите сè повеќе се потпираат на сигурни податоци за да донесуваат стратешки одлуки. Најновата анализа на „Еуромонитор“, заснована на обемната платформа за пазарна интелигенција Passport, ги издвојува клучните потрошувачки трендови што ќе ја обликуваат 2026 година.
Извор: „Еуромонитор интернационал“,www.euromonitor.com
Извештајот ги опфаќа очекувањата на потрошувачите, нивните нови навики и приоритети, и нуди јасни насоки за тоа како може бизнисите да се усогласат со променливото однесување на пазарот. Преку четири идентификувани промени, анализата прикажува како се развиваат ставовите, потребите и критериумите според кои купувачите ги вреднуваат брендовите.
КОМФОР-ЗОНА
Личната заштита станува нова форма на ескапизам во денешниот нестабилен свет. За да се справат со постојаната хаотичност, потрошувачите создаваат начин на живот што е посмирен, избалансиран и усогласен со нивните сопствени вредности. Бизнисите треба да го поддржат тоа со алатки што нудат удобност, чувство на контрола и сигурност. Немилосрдното темпо на современиот живот може да се спореди со непрекинато возење на ролеркостер, од кој потрошувачите сакаат да се симнат. Тие бараат удобност, смиреност и ментално прибежиште за да го заштитат својот мир во свет полн со конфликти. Вознемиреноста и неизвесноста се секојдневие. Речиси еден од три потрошувачи кои се борат со стрес и анксиозност изјавува дека овие проблеми сериозно влијаат врз неговиот секојдневен живот.
Постојаните социјални и економски шокови го засилуваат внатрешниот немир. Општествениот притисок создава нереални очекувања, а брзите технолошки промени изгледаат како нешто што е невозможно да се следи, што дополнително го зголемува чувството на оптовареност.
Луѓето повторно преиспитуваат како ги трошат времето, парите и енергијата. Во 2026 година потрошувачите ќе се фокусираат на тоа што можат да го контролираат за да останат стабилни, да ја вратат рамнотежата и да изградат основа за долгорочна отпорност. Нивниот нов стандард е „помалку, но подобро“, односно едноставност, емоционална стабилност и практични рутини. 58% од потрошувачите доживуваат умерен до екстремен стрес на дневна основа. 2 од 5 потрошувачи се под постојан притисок да ги завршат своите обврски.
Холистичката благосостојба станува реална цел за луѓето, кои свесно прават избор што купуваат за да го подобрат својот живот. Се зголемува побарувачката за природни и квалитетни состојки, расте интересот за духовни терапии, што укажува на интегриран пристап кон здравјето и среќата. Истовремено, овие потрошувачи имаат тенденција да бараат производи или услуги што релаксираат. На пример, во 2025 година т.н. „цуцли за возрасни“ станаа вирални како метод за намалување на стресот, подобрување на сонот или дури и за откажување од пушење. Домовите се претвораат во прибежишта, каде што потрошувачите можат да забават и да се ресетираат. Луѓето ги третираат своите живеалишта како оази на мирот, кои обезбедуваат персонализирана сензорна удобност и емоционално олеснување. Паметните уреди за домаќинство, исто така, имаат голема улога во управувањето со секојдневните рутини. Удобноста е клучна. Потрошувачите влегуваат во „режим на заштита“, поставувајќи лични граници како механизам за справување со тековната нестабилност и забрзаните распореди. Тие ги преиспитуваат сопствените приоритети за да постигнат хармоничен и одржлив начин на живот.
Продажба на стабилност
Брендовите можат да придонесат кон создавање чувство на стабилност, кое ја поттикнува благосостојбата кај потрошувачите. Производите што намерно ги ангажираат сетилата, како меки текстури, смирувачки мириси или задоволувачки вкусови, предизвикуваат позитивни емоции. За ова се користат и ботанички состојки како камилица или лимонова трева. Продажбата на миризливи свеќи се очекува да надмине 3 милијарди долари во 2026 година.
Природните состојки го следат овој тренд, како одговор на зголемената побарувачка на помалку преработени опции во споредба со синтетичките алтернативи. Производителите на средства за лична нега можат да лансираат помеки, нежни формулации со смирувачки тонови што ја прават одржливоста полесно достижна.
Функционалните придобивки треба да се насочат кон релаксација или подобрување на расположението. Атрибутите поврзани со менталната благосостојба продолжуваат да бидат во фокус при развојот на нови производи. Компаниите од FMCG-секторот веќе откриваат нови можности во оваа област. Брендовите треба да обезбедат решенија што ја комбинираат ефикасноста со свесното однесување на потрошувачите за да изградат лојалност.
Носталгијата е уште една маркетинг-тактика што може да им помогне на брендовите да создадат значајни врски со потрошувачите. Модерни варијации на класичните вкусови, култни ликови или ретро-дизајни можат да предизвикаат чувство на топлина, радост и убави спомени. Два од најпрофитабилните филмови досега, „Барби“ и „Супер Марио Брос“, се добри примери за оваа практика.
Решенијата или услугите треба да им помогнат на потрошувачите да се приспособат на променливите околности. Флексибилни, нискообврзувачки модели, како претплати со можност за пауза, им даваат на корисниците слобода да ги
приспособат своите преференции. Исто така, алатките за поддршка во реално време додаваат чувство на сигурност бидејќи обезбедуваат навремена помош
според условите на корисникот. Интеграциите со ВИ-технологии додаваат вредност кога се дизајнирани од аспект на корисникот. Сумирано, тоа значи интуитивни интерфејси, искуства без стрес, корисни апликации и паметни уреди што ги поедноставуваат домашните задачи. Брендовите можат да бидат стабилната точка во нестабилни времиња. Понудите на компаниите треба да се насочат кон холистичка благосостојба и едноставност за да станат доверлив партнер што им овозможува на луѓето да се справат со неизвесноста.
Тактики за 2026 година:
• Развој на производи и услуги што нудат комфор, ја зголемуваат самодовербата,
го поедноставуваат животот или промовираат рамнотежа.
• Фокус на едноставната употреба во дизајнот на производите и корисничките
искуства, со цел да се отстранат непотребните компликации.
• Понуда на практични решенија што ја подобруваат благосостојбата и обезбедуваат поголемо чувство на контрола. Интеграција на ВИ-технологии во апликациите, но со јасна и конкретна цел.
БЕСКОМПРОМИСНА АВТЕНТИЧНОСТ
Суровото и реалното го дефинираат новото, непоколебливо расположение кое потрошувачите го канализираат. Овие неконформисти ја прифаќаат храброста во самоизразувањето и радикалната искреност. Тие повеќе не се вклопуваат во
типичниот образец, туку сами создаваат свој. Брендовите треба да се откажат од „еден модел за сите“ и да ја преместат стратегијата кон автентичноста. На тој начин ќе покажат искрено разбирање на различните идентитети, останувајќи
верни на сопствениот етички кодекс. 2026 година означува пресвртница во однесувањето на потрошувачите. Ерата во која се потенцираат самоизразувањето, радикалната искреност и индивидуалноста го преобликува пазарот. Речиси половина од потрошувачите сакаат да бидат различни од другите, а двајца од тројца велат дека можат слободно да го изразат својот идентитет пред пријателите и семејството. 65% од потрошувачите сметаат дека нивниот идентитет е прифатен од општеството. 3 од 7 потрошувачи сакаат да уживаат во животот и не се грижат за планирање на иднината.
Претераната среденост и идеализираност, како и статус квото повеќе не се привлечни. Само 15% од потрошувачите ја поврзуваат социјалната прифатеност со сопствената дефиниција на убавина. Наместо тоа, се ценат непоколебливите и искрени ставови, дури и ако тие се поврзани со провокација или поларизација. Автентичноста се развива од посакувана особина на бренд во социјална валута. Повеќе од 50% од потрошувчите купуваат само од брендовите или компаниите на кои целосно им веруваат. Потрошувачите се поразделени од кога било бидејќи глобалните тензии ги обликуваат нивните вредности и преференции.
Генерацијата Z и помладите милениумци се во првите редови на трендот „бескомпромисна автентичност“. Сепак, и постарите генерации ја прифаќаат новата слобода, предизвикувајќи ги традиционалните стереотипи за возраста.
На пример, 63% од бејби-бумерите користат технологии за подобрување на секојдневниот живот. Друг пример се жените-гејмерки, кои продолжуваат да ги рушат стереотипите. Речиси 40% од женските потрошувачи играат видеоигри неделно, приближувајќи се до активноста на мажите. Оваа промена ја обликува културата на гејмингот, поттикнувајќи инклузивност и иновации во индустријата. Фокусот на начинот на размислување кога личните потреби, желби и автентичноста се на прво место (Јас на прво место. Вистински кон себе.) ја обликува потрошувачката. Изборот станува емоционално значаен и лично релевантен. Во тој случај, купувањето не е само прашање на практичност, туку и рефлексија на автентичната личност и нејзините аспирации.
Краткорочното задоволство станува приоритет, особено кога долгорочните цели (купување стан или пензија) се помалку достижни. Дури и едноставните задоволства ја рефлектираат подлабоката потреба на потрошувачите – да живеат вистински и според свои услови во сегашниот момент, дури и ако тоа понекогаш води кон прекумерно трошење. Тоа се одразува во зголемувањето на потрошувачките кредити и растечките салда на краткорочните заеми на глобално ниво. Овие потрошувачи гравитираат кон заедници со слични интереси, кои го слават уникатниот идентитет. Во 2025 година еден од четворица потрошувачи што користеле платформа за стриминг го направил тоа заради чувство на заедница. Тие им веруваат на „гласовите“ што ги предизвикуваат мејнстрим-наративите, признаваат тешкотии и го потврдуваат сопственото искуство или гледиште.
ДОВЕРБА ПРЕКУ ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Компаниите повеќе не можат да се потпираат на универзална стратегија за сите. Тие треба да прифатат прецизен, фокусиран пристап кон микроперсонализација. Да применуваат хиперсегментација на целните пазари и да создаваат персонализирани производи, услуги и кампањи што ги задоволуваат специфичните потреби на потрошувачите. Тоа значи редефинирање на понудите, кои ќе бидат соодветни на ултраспецифичните побарувања – од приспособливи патувања, преку флексибилни решенија за мебел, до специфични вкусови. Брзорастечката популација над 65 години со високи приходи претставува моќен пазар. Брендовите што ги приспособуваат понудите за оваа група, поддржувајќи ја нивната желба за независност, добросостојба и вредност, можат да остварат јасна конкурентска предност.
Некои компании наоѓаат успех во ниша-сегментите (на пример, декоративни модни украси што додаваат личен печат) или во пополемични области (на пример, формулации со канабис, каде што производите не се привлечни за сите). Светската продажба на легален канабис за рекреација се очекува да достигне речиси 40 милијарди долари во 2026 година. Но, дури и за потрошувачите што сакаат да трошат, достапноста останува важна. Овие потрошувачи бараат разновидност во производите и ценовни опции. Циркуларните решенија, како што се програмите за размена или надградба, можат да им овозможат на потрошувачите да постигнат баланс меѓу желбите и финансиската разумност. Околу 42% од професионалците изјавиле дека во следните пет години нивната компанија планира да инвестира во циркуларни бизнис-модели, како изнајмување или поправка. Брендовите што се насочуваат кон ниша-заедниците, наместо кон широката публика, создаваат посилна и долготрајна лојалност. Задржувањето на основните вредности е клучно бидејќи луѓето бараат автентичност, дури и ако тоа ризикува да оддалечи дел од публиката. Брендовите имаат можност да изградат подлабоки врски со овие храбри потрошувачи. Потребно е да ја слават нивната индивидуалност преку производите, пакувањата и приказните што ги отсликуваат вистинската вредност, различните потреби и личните приказни. Решавањето на специфичните проблеми на различна клиентела ќе даде поефективни резултати отколку развој на генеричко решение за широка публика.
Тактики за 2026 година:
• Претворање на автентичноста во конкретни дела преку транспарентна и искрена
комуникација и ангажираност. Користење хиперсегментација за развој на стратегии што целосно одговараат на специфичните профили на купувачи.
• Развој на хиперперсонализирани решенија што ги задоволуваат индивидуалните преференции и потреби, како адаптибилни производи со широк избор на опции.
• Стратешки партнерства или вклучување лојални купувачи во процесот на развој за заедничко создавање уникатни, персонализирани искуства и решенија.
РЕПРОГРАМИРАНА БЛАГОСОСТОЈБА
Современите потрошувачи бараат високотехнолошки, клинички проверени решенија како дел од секојдневната грижа засвоето здравје. Традиционалните рутини се заменуваат со напредни терапии и прецизни производи, кои се лесно достапни, нудат брзи резултати и долгорочни придобивки. Брендовите повеќе не се само продавачи – тие активно го поддржуваат потрошувачот во грижата за своето здравје.
Потрошувачите го менуваат својот пристап кон добросостојбата. Тие прифаќаат напредни технологии и медицински проверени интервенции како секојдневни алатки за оптимизација на долг живот, изглед и дневна ефикасност. Голем број од нив веќе користат апликации или уреди за следење на здравјето (спиење, исхрана или вежбање), а 35% бараат нови методи за превенција или третман затоа што нивниот тековен пристап не е ефикасен. Напредната самонега со моментални резултати е во пораст. Третманите кои порано се сметаа за табу или беа ограничени на клинички услови (на пример, GLP-1) стануваат сè попопуларни. Едукативните напори ја променија перцепцијата на потрошувачите за овие решенија, а технолошките достигнувања ја зголемија нивната достапност. Сега, луѓето очекуваат секојдневните производи да ги достигнуваат прецизноста, ефикасноста и брзината на фармацевтските производи или на професионалните козметички услуги.
9% од потрошувачите што се обидуваат да изгубат тежина користат GLP-1, што е зголемување од 6% во 2024 година.
3 од 4 потрошувачи ја следат здравствената состојба со уред или апликација.
Дигиталните домородци ја водат трансформацијата во грижата за здравјето, користејќи решенија со вештачка интелигенција, преносливи уреди и персонализирани терапии. Тие излегуваат надвор од традиционалните здравствени рамки и преземаат активна контрола врз својата добросостојба. Повозрасните луѓе, пак, почесто користат уреди или апликации за следење на здравствените состојби поврзани со стареењето – на пример, речиси една третина од беј-би-бумерите го следат крвниот притисок. Помладите генерации пристапуваат превентивно, усвојувајќи ги овие навики порано за да ги обликуваат своите животни стилови. Околу 34% од генерација Z и 31% од милениумците со овие алатки го следат квалитетот на својот сон. Овие потрошувачи бараат следење во реално време и моментални резултати за да можат веднаш да направат промени во исхраната, режимот на спиење или вежбањето.
Прифаќањето технолошки напредни и медицински проверени решенија за добросостојба сигнализира софистицираност и посветеност на самоподобрување.
Потрошувачите често се подготвени да платат за премиум опции што ги исполнуваат нивните очекувања за брзи резултати и научна поткрепа. Благосостојбата повеќе не е бавен процес, туку агилен, научно воден пристап со брзи и видливи придобивки.
ТЕХНОЛОГИЈА И ТОНИЦИ
Бизнисите можат да ги задоволат овие потрошувачи со хиперперсонализирани решенија што нудат висококвалитетна грижа и беспрекорно се интегрираат во секојдневните рутини. Во 2026 година глобалната потрошувачка на здравствени производи и на медицински услуги се очекува да достигне 6,9 трилиони долари. Пренасочувањето на дел од оваа потрошувачка кон производи за добросостојба и превенција ја потенцира огромната можност за брендовите. Секојдневните производи треба да се развијат во реактивни, здравствени решенија во реално време. Облеката се трансформира во медицински пренослив уред, кој може да ја мери и следи биометриската активност на телото. Производите за убавина користат податоци за кожата и здравјето на корисникот за да даваат персонализирани препораки и максимални резултати – од нутрикозметички и дермокозметички средства до преносливи уреди за анализа на кожата.
Пазарот на лекови без рецепт, кој е вреден 143 милијарди долари на глобално ниво, има корист од овој демократизиран пристап за грижа и информации надвор од медицинските ординации. Виртуелните консултации, на пример, овозможуваат моментално онлајн-купување, отворајќи пат за интегрирани бизнис-модели што вклучуваат далечински скрининзи или услуги. Брендовите треба да се фокусираат на преносливоста и погодноста за домашен или мобилен пристап до професионални производи и премиум искуства. Понудата на контрола и третмани за рехабилитација директно на потрошувачите во продавници, аеродроми, фитнес-сали или вонивните домови станува клучен сегмент.Примери се: преносливи ЕКГ-уреди, паметни ваги, мобилни лабораториски комплети, па дури и преносливи ледени бањи или сауни. Истовремено, интересот за велнес-патувања и за медицински туризам продолжува да расте со двојно зголемување. За да се зајакнат вредносните понуди, компаниите треба да интегрираат дијагностички и мониторинг-можности во производите, создавајќи ново ниво на услуги во реално време. Со спојувањето на производите за убавина, здравје и исхрана, брендовите ги следат брзите производствени циклуси и интегрираните искуства. Побрзите циклуси на развој се неопходни бидејќи потрошувачите очекуваат редовни ажурирања во согласност со напредокот на науката и технологијата.
Медицински-технолошките решенија за добросостојба стануваат симбол на аспирација за потрошувачите, а лидерите во оваа област стануваат синоним за иновативност, софистицираност и долгорочност.
Тактики за 2026 година:
• Создавање стратешки технолошки и медицински партнерства за да се стекне соодветно клиничко знаење. На тој начин компаниите го зголемуваат кредибилитетот и водат одговорен развој на производи или услуги.
• Понуда на персонализирани технолошки решенија со професионална прецизност, кои потрошувачите можат лесно да ги користат дома или кога се во движење.
• Прикажување реални здравствени резултати преку сторителинг базиран на наука и податоци, истовремено едуцирајќи ги потрошувачите за придобивките на краток и на долг рок.
НОВИОТ АЗИСКИ БРАН
Влијанието на Источна Азија продолжува да расте. На глобално ниво, перцепцијата за кинеските брендови се менува бидејќи тие комбинираат достапност и иновација со интуитивни, дигитално-ориентирани искуства
Компаниите треба да ги разберат стратегиите на овие азиски конкуренти, да ги следат културните трендови и да усвојат технолошки модели што нудат брзи, автентични и иновативни решенија. Азиското наследство со години наназад влијае врз глобалната потрошувачка. Јапонската и корејската култура им овозможија на азиските брендови да добијат меѓународно признание. На пример, јапонското аниме, корејската козметика и корејската поп-музика стануваат сè попопуларни.
62% од потрошувачите изјавиле дека меѓународните производи се полесно достапни сега отколку пред пет години.
2 од 3 потрошувачи сметаат дека е важно да имаат искуство со различни култури.
Сега, кинеските брендови влегуваат во фокус, поттикнувајќи го трендот на „новиот азиски бран“. Колекционерските играчки Лабубу од „Поп март“ се светска сензација; „Не Џа 2“ се искачи на првото место како најуспешен анимиран филм на сите времиња; а кинеските драми привлекуваат сè поширока меѓународна публика. Глобалните фанови не се пасивни ентузијасти, туку активни купувачи инспирирани од омилените производи. Јасно се забележува преминот од површен интерес кон постојана потрошувачка на овие културно вкоренети производи и услуги. Перцепцијата на потрошувачите за азиските брендови се менува – од ниша-производи кон брендови што нудат иновација, дизајн и културна софистицираност. Овој сè поширок прием го предводат дигитално вештите потрошувачи. Тие ги откриваат овие културни трендови и брендови преку онлајн-платформите.
Повеќе од 60% од потрошувачите изјавија дека меѓународните производи денес се полесно достапни отколку пред пет години. Овие производи често се достапни по прифатливи цени, што е многу значајно во време на постојани финансиски притисоци. Потрошувачите ги привлекуваат кинеските платформи, како „Шеин“, „Тему“ и „Тик-ток шоп“. Заклучно со почетокот на 2025 година, еден од четворица корисници на „Тик-ток“ купувал преку платформата. Овие софистицирани дигитални екосистеми ги привлекуваат купувачите со ценовно ефикасни производи и широк асортиман, персонализирани препораки, мобилно-ориентирани интерфејси и интерактивни функции како гејмификација. Генерално, ставот кон кинеските брендови се менува. Источна Азија се гледа како центар на иновации, кој ги комбинира достапноста и квалитетот и нуди напредни дигитални искуства, што ќе продолжи да влијае врз преференциите и поп-културата.
ОД ИСТОК КОН ЦЕЛИОТ СВЕТ
Источноазиските брендови го поставуваат стандардот за производи што комбинираат достапност, дигитална агилност, културна релевантност, брзина и персонализација. Во 2026 година се предвидува извозот во стоки и услуги од Кина да достигне 4 трилиони долари. Кинеските компании успешно го привлекуваат вниманието и влегуваат на нови пазари, приспособувајќи се на локалните потреби и ставајќи акцент на културниот сторителинг. Овие брендови, исто така, се движат нагоре по скалата на премиум сегментот со добро дизајнирани производи по конкурентни цени.Соработката со кинески брендови, трговци или инфлуенсери носи свежи перспективи, го проширува досегот и поттикнува иновации на глобално ниво. Партнерствата може да отворат нови можности, но бараат јасно усогласување и длабоко разбирање на културните вредности.
Истовремено, етаблираните играчи ќе треба побрзо да ги засилат напорите за локализација. Кинеските компании постигнаа успех во проширувањето во странство преку нивните силни дигитални пристапи, користејќи мобилно-центрични стратегии и персонализација управувана од алгоритми за да ја зголемат вклученоста на потрошувачите. Ексклузивните производствени изданија можат да изградат лојалност, додека препораките управувани од вештачка интелигенција го поттикнуваат откривањето. Како што содржината и трговијата сè повеќе се спојуваат, убедливите кампањи и беспрекорните кориснички патувања стануваат основен критериум. Геополитичките тензии и тарифите може да влијаат врз формирањето на цените,но побарувачката од потрошувачите останува силна кога производите се поврзуваат со идентитетот, трендовите или вредностите. Брендовите треба да се фокусираат на иновации и дигитална трансформација за да бидат конкурентни со кинеските производи. Неопходно е да користат податоци во реално време за да ги идентификуваат трендовите, да го следат нивното проширување и брзо да се приспособат за да останат релевантни. Бренд-угледот, суптилното познавање на пазарот, репутацијата или супериорните синџири на снабдување би можеле да им дадат предност во однос на новите азиски конкуренти.
Тактики за 2026 година:
• Соработката со кинески брендови, креативци и доставувачи може да ги обликува стратегиите за иновација. Неопходна е почит кон културните корени со транспарентност и респект. Притоа, автентичноста гради лојалност, но присвојувањето носи ризик од негативни реакции.
• Оптимизација на мобилните дигитални искуства. За компаниите е неопходно да дизајнираат беспрекорни купувачки искуства, кои ги комбинираат содржината и
трговијата.
• Фокус на своите основни предности и на УСП (USP – Unique selling proposition, уникатен продажен предлог) за одбрана на пазарната позиција од новите конкуренти.
• Со импресивен визуелен сторителинг, како смели пакувања и кратки видеа,
брендовите можат да го привлечат вниманието и да ја зацврстат моќта.
ЗАКЛУЧОК
Овој преглед претставува корисна насока за компаниите што сакаат да ја раз-берат новата динамика на очекувањата на потрошувачите и да идентификуваатможности за пораст во 2026 година.
За компанијата
„Еуромонитор интернационал“ е светски лидер за анализа на податоци и истражувања на пазарот, индустријата, економијата и потрошувачите, кој обезбедува глобален увид и податоци за илјадници производи и услуги. Компанијата е независен провајдер на глобална бизнис-интелигенција, анализа на пазарот и на потрошувачите. Од локални до глобални, од тактички до стратешки, истражувањата на „Еуромонитор“ ги насочуваат компаниите да направат стратешки одлуки за тоа како, каде и кога ќе го развиваат бизнисот. Компанијата има 16 канцеларии низ целиот свет, тим од над 1.000 аналитичари во 210 земји, како и најнови научни техники за податоци и истражувања на пазарот за секој клучен тренд.