.webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Македонија „Нилсен IQ“ соработува со 11 трговски синџири („Елида“, „Тинекс“,„Космо“, „Кит-Го“, „Веро“, „дм дрогерие маркт“, „Рамстор“, „Вива фреш“, „Рептил“, „Жито“, „Лукоил“) од кои добива скенирани податоци за продажбата на неделно ниво. Вкупнит
Во Македонија „Нилсен IQ“ соработува со 11 трговски синџири („Елида“, „Тинекс“,„Космо“, „Кит-Го“, „Веро“, „дм дрогерие маркт“, „Рамстор“, „Вива фреш“, „Рептил“, „Жито“, „Лукоил“) од кои добива скенирани податоци за продажбата на неделно ниво. Вкупните продажби до крајниот потрошувач, кои се направени во продавниците на трговците со кои „Нилсен IQ“ соработува, е информација што агенцијата ја прикажува во своите податоци и ја користи за анализа на пазарот.
Пишува: Драган Теодоровиќ, Dragan.Teodorovic@nielseniq.com
Податоците се собираат континуирано, на неделно ниво, што овозможува известување за сите значајни параметри релевантни за секојдневната работа, како и за планирање на краткорочните и долгорочните цели и носење стратешки одлуки. Продажбата, уделот на пазарот, трендовите, просечните цени, анализата на асортиманот, се само дел од информациите што може да се добијат преку овие анализи.
Во моментов на македонскиот пазар „Нилсен IQ“ располага со информации за 60 прехранбени и непрехранбени категории, како и за категоријата цигари.
Анализата презентирана подолу се однесува на млечните производи од категориите млеко, сирење, јогурт и маргарин, кои „Нилсен IQ“ ги попишува во каналот на Key Account со кои соработува, за периодот јануари - декември 2023 и 2024 година.
Анализа на млечните производи
Кога ќе ги погледнеме вкупните бројки на Key Account, млечните производи од оваа анализа имаат продажба во 2024 година од 2,4 милијарди денари и пораст на продажната вредност од 4,1% во споредба со 2023 година. Нешто позначителен пораст е забележан во Скопскиот Регион, кој во истиот период изнесува 5,4%.
Вредносно најголема категорија кај млечните производи е жолтото сирење, кое има пад и кај вредноста на продажбата (-1,1%) и во обемот (-3,6%). И Скопје како регион има пад во продажбата, но нешто помал и изнесува 0,4% во вредност, односно 3,5% во количина.
Од вкупната продажба во 2024 година, 51% од обемот се продава во Скопје, додека во преостанатиот дел од Македонија потрошувачите купуваат помалку од половина од производите, 49%. Повеќе на графикон 1.

Порастот на категоријата не може да го гледаме само преку апсолутните вредности за да разбереме дали категоријата навистина расте или на тоа влијаело нешто друго, па затоа мора да се земе предвид и количинската продажба (графикон 2).
За да разбереме дали цените влијаеле врз порастот на вредноста на продажбата, ќе го одземеме процентуалниот пораст на количините од процентуалниот пораст на вредноста на продажбата и ќе видиме колку е зголемувањето на цената во споредба со претходната година.
Зголемувањето на цените на вкупните млечни производи не е толку големо во повеќето категории и се движи од 0,6% до 5,8%, но некои категории се издвојуваат по нивното поголемо зголемување или намалување на цените.
Најголемото поскапување е видливо во категоријата јогурт, точно 10%, и во категоријата специјални сирења, 9,8%. Од друга страна, имаме и 3 категории каде што цените во 2024 година се пониски во споредба со 2023 година, тоа се: млеко UHT (0,1%), маргарин намаз (0,9%) и пастеризирано млеко кое е поевтино за цели 7,2%.
Однесување на производителот Кога ќе се спуштиме едно ниво под вкупните млечни производи, гледаме дека се појавуваат 206 производители во различни категории кои имале продажба во последните 2 години. За полесна анализа, ги поделивме во 3 групи по вредност на продажбата, топ-5 производители, оние од 6. до 15. место по продажба и сите други, група која ја сочинуваат преостанатите 191 производител. Повеќе на графикон 3.
Топ-5 производители се одговорни за 43,3% од вредноста на продажбата и дури 54,5% од количинската продажба. Оваа група има и најголем пораст на вредноста на продажбата (7,2%), но е и единствена што има пад во количината (-0,9%), така што можеме да кажеме дека порастот на цените минатата година изнесува 8,1%.
Преостанатите 2 групи производители имаат помал пораст на вредносната, но зголемување на количинската продажба и цените или стагнираа или бележат пад. Повеќе на графикон 4.

Производите што припаѓаат во приватните трговски марки сè уште немаат големо значење во продажбата (2,7% во 2023 година; 2,5% во 2024 година), но имаат многу голем пораст на количинската продажба во споредба со минатата година, 11,5%. Со оглед на тоа што вредноста на продажбата на овие артикли е намалена за 4,6%, практично имаме падна цената од над 16% во споредба со претходната година. Ако ги погледнеме промените што се случуваат на пазарот, 22 производители кои беа на полиците на супермаркетите во 2023 година се избришани од асортиманот, додека 14 нови производители се појавија на полиците во последните 12 месеци.
Асортиман
Во рамките на 12. потсегменти вклучени во оваа анализа, на пазарот што го набљудува „Нилсен IQ“ во Македонија во 2024 година на полиците имаше 1.606 различни производи. Меѓу 15% и 20% од SKU исчезнуваат или се појавуваат на полиците во рок од 12 месеци. Во последната година 305 артикли исчезнаа од пазарот, а се појавија 253 нови SKU.
Најдобрите 20 SKU по вредност на продажбата сочинуваат повеќе од една четвртина од сите продажби на млечни производи (28,3%) и имаат зголемување на вредноста на продажбата од 3,3%, што е малку под просекот за целата категорија. Производите што се рангирани од 21 до 50 по продажба имаат удел од 16,7% во млечните производи и се речиси на исто ниво според вредноста на продажбата како лани (+0,02%).
Најголем пораст доаѓа од производите што не се во топ-50 продавачи, а има над 1.550 артикли. Вкупниот удел на овие производи е 54,5%, а вредноста на продажбата е зголемена за 5,8% во споредба со 2023 година.
Гледајќи ги само најпродаваните артикли, просечниот пораст на цената во однос на претходната година изнесува 1%. Од топ-20 SKU, 11 имаат пораст на цените во опсег од 0,7% до 7,4%, додека преостанатите 9 имаат просечно намалување на цената во опсег од 0,2% до 5,3%.
Дисконтерите и важноста на податоците на „Нилсен“
„Лидл“, како еден од најголемите малопродажни синџири во каналот за дисконти, ја препозна важноста на информациите за пазарот обезбедени од „Нилсен“ и почна да ги разменува своите податоци со агенцијата прво во Словенија во 2023 година, а од Q2 2025, податоците на „Лидл“ ќе бидат дел од панелот „Нилсен“ и во Србија и во Хрватска.
Бидејќи каналот дисконтери е високо развиен во Македонија, соработката меѓу „Нилсен“ и локалните дисконтери ќе придонесе за подобро разбирање на пазарот и за трговците што се дел од овој панел и за производителите.
Безбедноста и заштитата на податоците за продажбата на трговците е приоритет, што може да се потврди со долгорочната соработка со сите најголеми регионални и локални трговци во целиот Јадрански Регион.