
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„БекВерк“ стана еден од најголемите синџири на пекари во Германија. Концептот ја спојува традиционалната пекарска култура со модерен fast-casual пристап. Неговите локали, сместени во централните делови на градовите, се обраќаат на патници, канцеларис
„БекВерк“ стана еден од најголемите синџири на пекари во Германија. Концептот ја спојува традиционалната пекарска култура со модерен fast-casual пристап. Неговите локали, сместени во централните делови на градовите, се обраќаат на патници, канцелариски вработени и туристи, нудејќи брзи ужини и седење во „кафиќ“ стил.
Автор: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар
Германците се страсни љубители на лебот, речиси се генетски предодредени да го обожаваат. Оваа културна особеност го обликува и секторот на convenience храна во земјата. За разлика од многу други пазари, каде продавниците за храна или бензинските пумпи доминираат во convenience-категоријата, во Германија традиционалната пекара одамна ја има таа улога.
„БекВерк“ се позиционира помеѓу класична пекара и fast-casual објект, со околу 350 локали низ целата земја, вклучувајќи се меѓу најголемите пекарски синџири во Германија. Поголемиот дел од локациите се управувани од франшизни партнери.
Концептот е осмислен да одговори на сѐ поголемиот тренд на „движење“, фокусирајќи се на брзи закуски за патници и потрошувачи во движење. Форматите варираат од локали во кафе-стил во градски центри, преку самостојни drive-through објекти во близина на автопати, до компактни киосци во транспортни јазли.
Во сите формати, „БекВерк“ нуди повеќе од 100 производи од тесто, сендвичи, топли и ладни закуски, кафе и пијалаци, при што понудата се подготвува на лице место и се адаптира сезонски.
Брендот во 2017 година беше преземен од швајцарската компанија „Валора груп“ и беше интегриран во нејзината прехранбена дивизија. Од 2021 година, сличниот концепт „Бек Фактори“ постепено се преуредува во „БекВерк“ објекти.
Продавницата опфатена со овој извештај претставува модел на градски кафиќ, привлекувајќи подеднакво канцелариски работници, туристи и импулсивни купувачи.
Посета на продавницата
Градскиот локал на „БекВерк“ ја илустрира својата позиција меѓу пекара и convenience објект со седење во стил на кафиќ, и внатре и надвор во пешачка зона.

Ентериерот на „БекВерк“ се истакнува со функционалност во топол, минималистички амбиент. Просторот за седење овозможува кратки паузи за кафе или закуска во текот на дневната рутина.

Повеќе апарати за кафе, поставени веднаш на влезот, овозможуваат брза услуга во утринскиот шпиц. Понудата вклучува и кафе за носење и шолји за консумација на лице место, нудејќи јасен избор помеѓу „takeaway“ и „dine-in“ опции.

„БекВерк“ користи висококвалитетни WMF апарати за обезбедување на доследен квалитет на напитоци.

Самоуслужните послужавници се опремени со хартиени подметачи од хигиенски причини. Овој практичен детал ја нагласува ефикасноста и стандардизираниот convenience концепт на „БекВерк“.

Ладните пијалаци ја надополнуваат пекарската понуда, нудејќи широк избор за потрошувачи во движење.

Јадрото на „БекВерк“ го сочинува богатата пекарска понуда со околу 60 артикли. Во понудата се вклучени сендвичи, свежи солени и слатки закуски подготвени во самите локали.

Промоции како „Снекбокс“ (повеќе производи по поволна цена) и „Снекмени“ (оброк понуда) го нагласуваат фокусот на „БекВерк“ на брзи, готови оброци. Таквите понуди се наменети за купувачи кои бараат поволни и комбинирани опции.

Посебна станица им овозможува на купувачите да земат додатоци и салфетки, како и да ги вратат послужавниците, со што се овозможува непречено движење на купувачите низ локалот.

Промоцијата на франшиза е составен дел од концептот на „БекВерк“, повикувајќи претприемачи да отворат локални објекти.

„БекВерк“ промовира едноставна, опуштена атмосфера на консумирање која се вклопува во неговиот QuickBreak концепт – практична пауза.

Горниот кат на „БекВерк“ нуди различни зони за седење, од голема заедничка маса до lounge-простор со софи и класични кафе-маси. Ова зонирање го проширува хибридниот идентитет на брендот, комбинирајќи брза практичност со простор за подолг престој.

Истакната комуникација во објектот промовира свежо подготвени оброци, како на пример топли сендвичи (нпр. Капрезе), нагласувајќи ја fast-casual димензијата во рамките на пекарскиот концепт.

„БекВерк“ одржува уредност во просторот за седење преку станица за послужавници која организира шолји и чаши. Дрвената плоча со врежани отвори спречува предметите да се превртуваат, обезбедувајќи уредна кафе-атмосфера.

Од фотелјите на горниот кат, гостите имаат поглед кон пешачката зона. Овој поглед додава опуштен карактер на локалот, повикувајќи ги посетителите да се препуштат и да уживаат.
Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.