
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ви ги претставуваме податоците од истражувањето на „Пикаса аналитикс“ за периодот од 1 до 31.5.2022 година во врска со активностите и присуството на брендовите на газирани сокови во дигиталните медиуми во земјите од регионот на Западен Балкан
Присуство на безалкохолните пијалаци во дигиталните медиуми и активност на публиката, мај 2022
Ви ги претставуваме податоците од истражувањето на „Пикаса аналитикс“ за периодот од 1 до 31.5.2022 година во врска со активностите и присуството на брендовите на газирани сокови во дигиталните медиуми во земјите од регионот на Западен Балкан (РС Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина).
Истражувањето опфаќа мониторинг на објавите и текстовите во дигитални медиуми во регионот и детекција на споменувањата на брендовите на газираните сокови, како во објавите на медиумите така и на социјалните мрежи. Освен мерењето на волуменот на објавите, истражувањето опфаќа и мерење на бројот на реакции и ангажмани од публиката (допаѓања, коментари и споделувања) на објавите каде што има споменување на брендови на газирани сокови.
На слика 1 е дадена мапа каде што се претставени топ-3 бренда на газирани сокови кои биле активни во мај во 6. земји од регионот, според просечниот број на реакции на публиката на објава или текст во дигиталните медиуми и социјалните мрежи.
Слика 1: Топ-3 бренда на газирани сокови, според реакциите по објави на социјалните мрежи

На мапата може да видиме дека во Србија, но и регионално, Cockta е водечки бренд според просечниот број на реакциите од публиката, со просек од 538 реакции по објава. Следна е Fanta, која просечно има по 247 реакции кај српската публика во мај годинава.
Во Босна и Херцеговина во мај, според просекот на реакциите на публиката, доминира Sinalco со 212 реакции по објава, пред Sprite и Fanta со по 79 и 45 реакции во просек по објава, последователно.
Според истиот параметар, во РС Македонија прва е Газоза со 165 реакции, пред Cockta со 108 и Mirinda со 49 реакции од публиката на објавите и статусите каде што се присутни овие брендови.
Во Албанија во мај доминира Coca-Cola со просечно 73 ангажмани од публиката, додека Pepsi е на второ место со 26 реакции по објава, за разлика од Косово каде што Pepsi е на првото место со 68, додека Fanta и Coca-Cola имаат 24 и 22 реакции во просек, последователно.
Во Црна Гора во мај има најмал ангажман на публиката во регионот, кој се движи помеѓу 28 реакции на објавите каде што е спомената Coca-Cola, 20 реакции во просек за Sinalco и 15 реакции за објавите и текстовите каде што се споменува Pepsi.
Најголеми осцилации имаат ониe брендови што лансирале нов производ со маркетинг-кампања и јавна поддршка од инфлуенсери, како и почеток на наградна игра.
На слика 2 се претставени топ-3 бренда на газирани сокови во Македонија, според вкупниот број на објави и споменувања во дигиталните медиуми, како и вкупниот волумен на реакции на публиката.
Слика 2: Топ-3 бренда на газирани сокови во Македонија, според број на објави на социјалните мрежи и на дигиталните медиуми

Според вкупниот волумен на објави во Македонија, во мај доминира Coca-Cola со 229 објави каде што е спомената, што претставува 64,3% од вкупните објави во категоријата газирани пијалаци.
На второ место е Pepsi со 42 објави, или 11,8% од вкупните објави во категоријата, додека Sinalco е на трето место со 29 споменувања (8,2% удел во категоријата).
Според вкупниот број на реакции на публиката, објавите каде што се спомената Coca-Cola генерирале вкупно 5.599 реакции на публиката (52,8% од вкупниот број реакции во категоријата), од кои најголем дел се допаѓања (3.682), коментари (1.098), а публиката ги споделила објавите 819 пати.
На второ место според бројот на реакции се наоѓа Газоза со вкупно 2.480 реакции (23,4% од реакциите во категоријата), следена од Pepsi со вкупно 2.480 реакции на кои отпаѓаат 7,2% од вкупните реакции на публиката на објави и постови каде што се споменуваат брендови на газирани пијалаци.
Методологија:
„Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа Analytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Република Северна Македонија). Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, YouTube) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари).
„Пикаса“ има над 10 години искуство во науката за податоци, развој на алгоритми, вештачка интелигенција и машинско учење. Таа им нуди на компаниите, организациите и институциите пристап до единствени податоци од над 1.300 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми. Во комбинација со искусен тим од доктори на науки за податоци, дата-аналитичари и високи медиумски експерти, развивме неколку производи за следење на медиумите во реално време и технолошки капацитет за создавање приспособени решенија. Успеавме да одговориме на некои од најпредизвикувачките прашања во врска со употребата на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, сентимент, идентификување канали и спроведување истражувачки работи.
Во последните 2 години, преку мониторинг и консултации, им помогнавме на повеќе од 30 медиумски канали и над 50 компании да ги зголемат и максимираат своите резултати, користејќи техники за пристап до поширока публика.
Контакт: Ема Муратова, regional manager во „Пикаса аналитикс“
mail: ema@pikasa.ai mob: 071 233 673Адреса: Булевар Крсте Мисирков 7 ЛАМ.Ц2/14 , ТЦ Мавровка 1000 Скопје
Тел: +389 2 3212-812