Регион

„Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka

08 Aug 2018
Директорот и сопственик на фабриката „Нели", Митар Обрадовиќ, најави дека ќе вложи средства за производство на бонбониера Azbuka.
 
Во новата бонбониера секоја буква ќе биде со различно чоколадно полнење. Најавеното производство е со поддршка од Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија.
 
„Нели" ќе биде дел и од програмата за дуално образование преку соработка со средното стручно училиште за кондиторски производи. 
 
Во фабриката „Нели" вработени се повеќе од 300 луѓе. Извозот на нивните производи, на годишно ниво вреди 6 милиони евра, и тие можат да се најдат на пазарите од регионот, како и во ЕУ и во Русија.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...