Регион

Групацијата „Реве“ бара нови партнери

03 Aug 2018
На настанот наречен Ден на словенечките доставувачи, словенечките компании ќе имаат можност да се претстават пред „Реве" во Австрија.
 
Во ноември, агенцијата „Спирит" организира настан за презентација на словенечките фирми на групацијата „Реве" во Австрија. 
 
Компаниите што сакаат да учествуваат на настанот наречен Ден на словенечките доставувачи, треба да се пријават најдоцна до 24 август. Пријавата е бесплатна.
 
„Реве груп" е една од водечките трговски групации во Европа, со околу 15.000 објекти. Минатата година остварила промет од 57,8 милијарди евра. Во рамките на групацијата работат: „Бипа", „Пени", „Меркур", „Била", „Реве сити", „реве центар", „Реве ту гоу", „Тема"...
 
За претставување на Денот на словенечките доставувачи особено ќе бидат интересни прехранбените производи, потоа средствата за лична хигиена, средствата за чистење во домаќинството итн. 
 
Повеќе информации, електронската пријава и прашалникот може да се најдат на веб-страниците: www.spiritslovenia.si и www.izvoznookno.si.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...