Регион

Реновиран „Туш“ во Мурска Собота

24 Jul 2018
Новата продавница е комбинација на форматите супермаркет и кеш&кери, така што е приспособена за малопродажба и за големопродажба.
 
На Баковска цеста, во Морска Собота, отворена е реновираната продавница на „Туш", која на потрошувачите ќе им понуди купување приспособено на нивните потреби, во уште поатрактивен простор. 
 
Во продавницата е искомбиниран форматот на супермаркет и кеш&кери, така што во него може да се пазари на големо и на мало.
 
Како и другите продавници, и оваа е уредена во согласност со најновите трендови во купувањето, при што водена е сметка, на купувачите, да им се обезбеди најдоброто купувачко искуство.
 
Продажниот простор е освежен, патот низ продавницата е оптимизиран, внатрешноста е уште поактивна, а понудата е зголемена. Фокусот е на одделенијата за свежо овошје и зеленчук и сувомеснати производи, како и на пекарницата и месарницата.
 
„Туш" е најголемиот трговски синџир во Словенија кој постојано ја зајакнува соработката со словенечките производители и работи на подобрување на понудата на локални, словенечки производи.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...