Компанијата „Виолета“ најави изградба на нова фабрика во Груде, каде што ќе се произведува основното портфолио на компанијата. Оваа информација за BiznisInfo.ba ја потврди сопственикот на компанијата Петар Ќорлука.
Фабриката каде што моментално произведуваме работи повеќе од 20 години, а сега на пазарот излегоа нови технологии, нов квалитет, нови суровини и сето тоа влијае на финалниот производ. Така ќе произведуваме нова генерација производи во новата фабрика, бидејќи новите генерации на потрошувачи ги сакаат новите генерации производи, истакна Ќорлука за BiznisInfo.ba.
Новата инвестиција доаѓа откако „Виолета“ кон крајот на минатата година отвори нова фабрика за картонска амбалажа во Груде, како дел од инвестицијата вредна 40 милиони евра.
Локацијата на новата фабрика е во Груде, на просторот каде што се наоѓаат фабриките за картон и омекнувачи. Компанијата таму ќе купи дополнителни 60.000 метри квадратни приватно земјиште. Изградбата на фабриката се очекува да биде завршена во 2026 година.
Компанијата најави и нова инвестиција во Чапљина, каде што претходно ја презеде „Ласта“ и започна со производство на бонбони. Новата инвестиција, како што објаснува Ќорлука, ќе опфати и проширување на палетата на производи.
Треба да ги следиме трендовите за да останеме на пазарот, бидејќи ако не следиме и не инвестираме, нема да можеме да работиме. Треба да бидеме во тренд и да го правиме истото, ако не и подобро, од она што го прави нашата конкуренција, заклучи Ќорлука.
Извор: Biznisinfo.ba
Фото: „Виолета“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.