Регион

Хрватска: „Шпар“ отвори нов супермаркет во Пакрац

30 Jan 2025

Трговскиот синџир „Шпар“ отвори нов супермаркет во Пакрац, на адреса Болничка улица 80К, со што се отворија нови 25 работни места.

Во супермаркетот кој се протега на површина од 900 квадратни метри, на потрошувачите им се нуди широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи, меѓу кои се и специјализираните линии на компанијата како што се Spar Veggie, Spar Free From, Vital, Rubin и Splendid.

Супермаркетот има и рибарница, месара, пекарница, како и оддел за свежо овошје и зеленчук и топли оброци.

За едноставно купување во новиот супермаркет се поставени четири самоуслужни каси, а на купувачите на располагање ќе им бидат и над 80 паркинг места.

Супермаркетот свечено го отворија градоначалничката на Пакрац, Анамарија Блажевиќ, директорот за продажба на „Шпар“, Давид Корошец, регионалниот менаџер Дамир Гргиќ, подрачната раководителка, Маргита Ковачиќ, менаџерот на продавницата Саша Жарковиќ и членот на одборот на „Шпар“ - Хрватска, Горан Вукелиќ.

По повод отворањето на супермаркетот, компанијата донираше 2.000 евра на доброволното противпожарно друштво во Пакрац.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Шпар“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...