„Плодине“ отвори нов супермаркет во Озаљ и тој е 144 продажен објект во продажната мержа на компанинијата што означува уште еден чеков во континуираното ширење на продажната мрежа низ Хрватска.
Отворањето на новиот супермаркет беше одбележано со богата програма за посетителите, кои уживаа во специјални попусти, тркало на среќата и бесплатна скара и пијалоци. Свеченото сечење на лента го означи почетокот на работата на овој модерен малопродажен простор, а отворањето донесе и 30 нови работни места, што дополнително го стимулира економскиот развој на Озаљ.
По повод свеченото отворање, „Плодине“ на детската градинка „Звончиќ“ врачи донација од 2.600 евра, продолжувајќи ја традицијата за поддршка на локалните заедници во областите каде што има отворено свои продавници.
Извор/Фото: „Плодине“/Linkedin
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.