Регион

Хрватска: Кондиторската индустрија оствари добивка од 6,3 милиони евра

27 Dec 2024

Кондиторската индустрија во Хрватска во минатата година остварила нето добивка од 6,3 милиони евра, што е за 4,6 пати повеќе од претходната година, покажуваат анализите на „Фина“.

Во производството на какао, чоколадо и бонбони учествувале 27 претприемачи со 2.290 вработени, што е намалување на бројот на вработени за 4,5% во однос на претходната година.

Во 2023 година овие компании оствариле вкупен приход од 232 милиони евра, додека расходите изнесуваат 223,4 милиони евра, добивка од 6,8 милиони евра и загуба од 504.000 евра, што покажа позитивен консолидиран финансиски резултат во износ од 6,3 милиони евра. што е 4,6 пати повеќе од нето добивката од 1,4 милиони евра во 2022 година, објави „Фина.“

Од вкупниот број претприемачи во оваа индустрија, 19 или 70,4% од нив работеле со добивка.

„Краш“ се истакна како кондитор со најголем приход во овој период од 167,2 милиони евра, нето добивка од 5,8 милиони евра, како и кондитор со најголем број вработени.

 

Извор/Фото: InStore.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...