Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Црна Гора, мерени преку индексот на потрошувачките цени, се повисоки за 0,2% во ноември во однос на октомври, објави „Монстат.“
Најголемо влијание врз месечната стапка на инфлација имаше порастот на цените во следните групи: Облека и обувки (1,0%); Мебел, опрема за домаќинство и рутинско одржување на станови (0,9%), Останати стоки и услуги (0,3%), Превоз (0,2%), Храна и безалкохолни пијалоци (0,1%), Домување, вода, струја, гас и други горива (0,1%), Здравје (0,1%).
Пад на цените на месечно ниво е забележан во следните групи: Ресторани и хотели (-0,7%); Рекреација и култура (-0,3%); Алкохолни пијалоци и тутун (-0,1%) и комуникации (-0,1%). Цените на останатите производи и услуги не бележат значителна промена.
На годишно ниво, потрошувачките цени во Црна Гора се повисоки во просек за 1,7%.
Потрошувачките цени во периодот јануари-ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, се во просек повисоки за 3,4%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.