Регион

Србија: „Персу“ отвори нов маркет во Нови Сад

25 Oct 2024

Во Нови Сад, на адресата Александар Бењак, 14, свечено е отворен 175.маркет на „ДТЛ Персу“.

Овој маркет е деветти по ред маркет на компанијата во Нови Сад и со тоа во иднина компанијата продолжува со традиционланата праса на подготвување на подароци, изненадувања и посебни попусти за новите соседи.

 Како добри домаќини и соседи, отсекогаш ни било важно кај нас купувачите да се чувствуваат пријатно и затоа константно ја унапредуваме нашата услуга и производи. Со отворањето на уште еден „ДТЛ Персу“ маркет во Нови Сад, настојуваме да ја покажеме нашата посветеност на што поголем број на луѓе да им ги овозможиме најдобрите производи, услуги и искуство во купувањето во омилениот маркет. На повеќе од 200 квадратни метри овој маркет ќе понуди над 3.500 локални и глобални производи, вклучувајќи квалитетно месо во МАП пакување, свеж леб, печива, но и внимателно избрано овошје и зеленчук, соопштуваат од „ДТЛ Персу“.

 „Персу“ маркетите веќе 27 години работат како малопродажен формат во рамките на доо „ББ трејд“. Трговската дејност ја вршат во 175 малопродажни места на територијата на Војводина и Белград.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Дтл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...