Реновираниот супермаркетот на „Бинго“ во Горажде кој се наоѓа на адреса ул. Ферид Диздаревиќ, 3, повторно започна со работа.
Како што соопштуваат на официјалната веб страница на компанијата, овој реновиран простор од 1.000 м2 ќе биде пријатен за сите посетители.
Задоволство е што можеме да понудиме целосно ново искуство во купувањето со проширување на асортиманот во одделите за месо, пекарница и деликатеси, но и со целосно нов дел – гастро дел, каде што секојдневно ќе подготвуваме слатки и солени јадења. Веруваме дека со оваа инвестиција на граѓаните на Горажде ќе им се понуди пријатна атмосфера со одличен асортиман и голем број на акции, изјави Татјана Пауноски, раководителка на службата за маркетинг во „Бинго“.
Извор: InStore
Фото: „Бинго“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.