Регион

Хрватска: „Кауфланд“ инвестира 19 милиони евра во дистрибутивен центар

12 Jul 2024

 „ Кауфланд“ - Хрватска официјално  пушти во употреба дополнителен објект во рамките на логистичко-дистрибутивниот центар во Јастребско од 16.000 м², со што вкупната површина сега е 92.000 м².

До крајот на 2024 година овој малопродажен синџир ќе отвори два нови продажни објекти, со што бројот на продавници ќе порасне на 50, а во поглед на плановите за натамошно проширување, неопходно беше да се создадат услови за испорака на поголемо количество артикли кои ќе да бидат достапни за клиентите во сите продавници низ Хрватска на дневна основа.

Во посетата на новиот дел од логистичкиот центар присуствувале членот на управата за продажба и логистика, Мартин Мариќ, директорот на логистичкиот центар, Марко Шкорпил, раковидителката на секторот за корпоративни комуникации, Марија Франиќ и градоначалникот на Јастребарско, Звонимир Новосел.

Оваа инвестиција е исклучително важна   за иднината бидејќи само со проширување на просторот можеме да ги обезбедиме потребните количини на производи, а со тоа и високото ниво на квалитет на кое се навикнати нашите купувачи. Нивното задоволство е наш прв приоритет и драго ми е што на овој начин ја продолжуваме нашата успешна соработка со градот Јастребарско, изјави Мартин Мариќ, член на управата за продажба и логистика во „Кауфланд“.

Инфо/Фото: Instore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...