„Универекспорт“ отвори нов маркет во Суботица, на улицата Осми март, 20, што воедно е 199. продажен објект на компанијата во Србија.
Новоотворениот објект кој се протега на површина од над 200 квадратни метри на потрошувачите им нуди широк асортиман на производи кој вклучува свежо овошје и зеленчук, месо како и пецива од сопствената пекарница.
Како дел од асортиманот се извдојуваат пакуваното свежо месо од брендот Bačka, како и производите од приватните трговски марки Naše najbolje, Daj Daj и Baš Baš, на кои од неодамна им се придружија и сладоледите Baš Baš.
На денот на отворањето првите 200 потрошувачи добија подарок пакети и торби, а секое 50.пазарување беше бесплатно.
Покрај тоа компанијата подготви и посебна акција која ќе важи само во овој објект до 19.јуни.
Во следните недели компанијата го најави отворањето на својот двестоти продажен објект, а по повод тоа за потрошувачите ќе бидат подготвени посебни изненадувања.
Извор: InStore.rs
Фото. „Универекспорт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.