Компанијата „Универекспорт“ отвори нов малопродажен објект во белградската населба Ресник, на улицата Славко Миљковиќ, 112.
Новата продавница која се протега на речиси 500 квадратни метри е 198.продажен објект на компанијата во целокупната продажна мрежа.
Продавницата има асортиман со 7.000 производи, меѓу кои се и производите од сопствено производство, како свежото месо и месните деликатеси Bačka, органското масло Organa и производите Domaćinstva Vučurević.
Во асортиманот може да се најдат и производите од приватната трговска марка на компанијата: Baš Baš, Naše najbolje и Daj Daj, на кои од неодамна им се приклучија и сладоледите Baš Baš.
По повод отворањето на продавницата, компанијата подготви посебни поволности подароци за купувачите, како торби за првите 200 купувачи и можност да се пробаат производите од брендот Bačka.
Покрај тоа, секое 50. купување било бесплатно, а компанијата за следниот период најави отворање на уште неколку продажни објекти.
Izvor: InStore.rs
Фото: „Универекспорт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.