Регион

Хрватска: „Кауфланд“ донираше 250.000 евра на пожарникарските друштвa

22 May 2024

На секоја продавница на „Кауфланд“ во Хрватска, во рамките на овој национален проект е приклучено по едно партнерско доброволно пожарникарско друштво кое е поддржано со 5.000 евра.

 Со голем настан кој беше организиран во дворот на Државното пожарникарско училиште во загребската Ксавера, се одбележа почетокот на соработката на „Кауфланд“ со Доброволните пожарникарски друштва (ДПД).

 „Кауфланд“ одлучи секоја од своите 50 продавници, колку што ќе бидат до крајот на годинава да им се приклучи  едно партнерско ДПД, кое ќе е поддржано со 5.000 евра, односно вкупно за сите ДПД поддршката ќе биде 250.000 евра.

 Денеска во Хрватска дејствуваат 1.744 доброволни противпожарни бригади, околу 140.000 припадници на противпожарни бригади, од кои речиси 34.000 се оперативни пожарникари, волонтери кои без двоумење излегуваат на бројни опасни интервенции.

Како еден од најголемите трговски синџири во Хрватска, свесни сме за својата одговорност кон локалната заедница во која работиме, а пожарникарите играат клучна улога кога станува збор за зашитата и помошта за локалната заедница. Затоа одлучивме да ги поддржиме доброволните пожарникари низ земјата и со тоа сакаме да им се заблагодариме за ова партнерство што без двоумење, несебично се секогаш за нас тука, изјави Патрик Рудат, претседател на управата на „Кауфланд“ – Хрватска.

Извор/Фото: Instore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...