Со цел да се истакне големото значење за заштитата на пчелите и биодиверзитетот во Босна и Херцеговина, „Нелт група“ и „Монделез Интернешнл“ го покренаа проектот „Спас за пчелите, за доброто на сите“
Со воспоставување соработка со Сојузот на пчелари на Федерацијата Босна и Херцеговина и Здружението на пчелари на Република Српска, иницијаторите на проектот планираат да обезбедат 10.000 садници липа, костен, дива цреша, унгарски багрем, лаванда и бел јасен.
Овие медоносни дрвја ќе се користат за поставување на медоносни паркови низ Босна и Херцеговина, што ќе придонесе за зачувување на пчелите, кои опрашуваат повеќе од 80% од растенијата од кои зависи нашата исхрана.
Воспоставувањето на медосните паркови се планира на крајот на мај, кога е светскиот Ден на пчелите.
Ова е втора акција што ја спроведуваме со нашиот принципал „Монделез Интернешнл“ на ниво на „Нелт група“. И пошумувањето што го направивме во Црна Гора, и заштитата на пчелите што сега ја поддржуваме, имаат за цел да го зачуваат целосниот биодиверзитет. Со вакви проекти ја потврдуваме нашата стратешка определба за зајакнување на партнерствата, одржлив и одговорен бизнис, создавање позитивни промени за заедниците во кои работиме, изјави Горан Церовина, извршен директор на „Нелт“ за пазарот во Босна и Херцеговина.
Заштитата на биодиверзитетот е во срцето на нашиот проект „Хармонија“, кој го спроведуваме на европско ниво со намера пченицата што ја користиме за нашите бисквити да се одгледува одржливо. Драго ни е што со овој проект директно ќе придонесеме за зачувување на биолошката разновидност и заштита на пчелите и другите опрашувачи, што е од витално значење за здравите екосистеми, безбедноста на храната и одржливото земјоделство и на локално ниво, изјави Стеван Вујошевиќ, менаџер на компанијата „Монделез Интернешнл“ за Србија, БиХ и јужните пазари од регионот Адриа.
Проектот е поддржан и акции во продавниците низ Босна и Херцеговина, а во иницијативата потрошувачите ќе можат да придонесат со купување на производите Milka до 15 мај.
Извор/Фото: „Нелт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.