Претставници од компанијата „Сибериан велнес“ – Србија, заедно со своите деловни партнери и во соработка со локалната самоуправа и локалното население, спроведоа акција за пошумување во местото Кусиќ, како дел од меѓународниот проект „100ха“.
Овој проект е на меѓународно ниво во рамките на планот за одржлив развој на компанијата кој има за цел обнова и заштита на шумите.
„Сибериан велнес“ е производна компанија со меѓународно присуство. Произведува и промовираме природно и безбедни производи за активен живот, здравје и убавина. Користејќи природни состојки, добро ја разбираме вредноста за грижата за животната средина, а преку акцијата за пошумување ги здружуваме нашите вработени, деловните партнери и клиентите со заедничи сили да придонесеме за подобра иднина. Горди сме на фактот што нашата компанија големо внимание посветува на ширењето на свеста за важноста на доброто здравје и важноста од превенција. Сакам да истакнам дека природата е примарна за нашето здравје и дека е потребно да водиме сметка за неа и ја негуваме како што таа не негува нас, изјави Александар Ивановиќ, директор за продажба и развој на „Сибериан велнес“ – Србија.
Како дел од акцијата, со автохтони садници била пошумена површина од два хектари.
Извор: InStore.rs
Фото: „Сибериан велнес“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.