FMCG Македонија 2024

Одговорите што ги чекате: Министерството за економија ексклузивно за InStore

06 Nov 2024

Панел дискусијата на 10 FMCG Summit и оваа година предизвика големо внимание меѓу учесниците и во јавноста. Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, Виктор Петков,  генералниот менаџер и сопственик на „Випро“, Џемаил Даути, генералниот директор на „Даути комерц“ и Драган Иванов, генералниот менаџер на ЛКА, дискутираа дали има Fair Play во малопродажниот сектор, за мерките за намалување на маржите и  за актуелниот закон за нефер трговски практики.

И на овој FMCG Summit воведовме новитет. Имено, сите учесници можеа преку апликација активно да поставуваат прашања за време на панел дискусијата, а најголемиот дел од прашањата беа наменети за заменик министерот за економија, Марјан Ристески.  Поради ограниченото време, немаше можност да се добијат одговорите на прашањата за време на самитот, па така InStore го исполни ветувањето и од Министерството за економија успеа да ги добие сите одговори на прашањата кои ги поставивте за време на 10 FMCG Summit.

ПРОМОЦИИ

Дали промоциите на добавувачите и купувачите мора да се одвиваат во ист временски период имајќи во предвид дека е потребно време за испорака ширум земјата која може да трае и 2 недели до сите локации?

Таква одредба не е предвидена во законот. Останува на добавувачите и купувачите да се договорат.

Дали на прометот на производи кои се продадени на промоција, исто така може да се дава рабат до 10% кој важи за регуларниот промет, или треба да се водат одвоено продажбите на промоција и на нив не се дава друг рабат (до 10%) освен акцискиот?

Согласно став 2 на член 8 од законот, а поврзано со точка 22 од став 1 на член 8 од законот, добавувачот ќе побара од купувачот во писмена форма, на јасен и недвосмислен начин да се договори периодот на промоцијата (промотивна, акциска и сезонска продажба) и количината на земјоделски и прехранбени производи што ќе се нарачаат од добавувачот по намалена цена. Процентот на намалувањето на цената ја одредува добавувачот за своите производи и тој процент не се засметува на дозволените 10%, пропишани во ставот 6 на член 8 од овој закон.

Кога производот е набавен по редовна цена и производот е во сопственост на купувачот, на барање на добавувачот може тој производи од редовна продажба да се договори на промоција (промотивна, акциска и сезонска продажба), за што добавувачот има право да го одобри купувачот за договорениот попуст за продадената количина.

Количината која е на залиха кај купувачот и добавувачот даде согласност таа количина да биде на акциска продажба, за продадената количина по намалена цена по завршување на акциската продажба е дозволено одобрение доколку таа количина веќе е платена по редовна цена од страна на купувачот во рамки на задолжителните рокови за плаќање до 30 дена за лесно расипливи земјоделски и прехранбени производи и до 60 дена за другите земјоделски и прехранбени производи кои не се сметаат за лесно распиливи.

Дали доколку добавувачот најавува промоција од 20% кон купувачот, и купувачот има обврска да спроведе акција од 20% кон крајните потрошувачи или може да се спроведе промоцијата со повисок или понизок процент на промоција?

Договор меѓу добавувачот и купувачот.

Дали е дозволено купувачот и добавувачот да се договорат за спроведување на промотивни активности кај купувачот. При тоа купувачот да ги набави производите по редовна цена, а по завршување на акцијата да го извести добавувачот за количината продадена и тој износ да му биде финансиски одобрен?

Количината која е на залиха кај купувачот и добавувачот даде согласност таа количина да биде на акциска продажба, за продадената количина по намалена цена по завршување на акциската продажба е дозволено одобрение доколку таа количина веќе е платена по редовна цена од страна на купувачот во рамки на задолжителните рокови за плаќање до 30 дена за лесно расипливи земјоделски и прехранбени производи и до 60 дена за другите земјоделски и прехранбени производи кои не се сметаат за лесно распиливи.

ПОВРАТ НА РОБА

Дали е дозволена физичка замена на производи со краток рок, значи купувачот да ги врати на добавувачот производите со краток рок и да ги замени со производи со добар рок без дополнително фактурирање?

Не се дозволува замена

Доколку станува збор за скриена мана на производот, дали е дозволено враќање на производите и каков вид на документација е потребна? Дали е доволно само да се наведе дека се враќаат ради скриена маана со опис на мааната или се потребни други докази за мааната?

Во точка 4 на член 8 во законот е наведено дека се забранува на купувачот да бара плаќања од добавувачот за настаната штета и/или загуба на земјоделските и прехранбените производи кои се сместени во просториите на купувачот или откако сопственоста е пренесена на купувачот, а таквата штета или загуба не е предизвикана од небрежност или вина на добавувачот, освен ако производот е со скриена мана. Доколку производот е со скриена мана може да се врати, со повратница во кој ќе се наведе причината на скриената мана.

Дали се планира да се повлече членот за поврат на роба од законот за фер т.практики. Ситуација во МКД е хаотична, има големи количини на роба со краток рок, а маркетите не знаат како да се намали цената со акција 1+1 или 2+1, а тој % да не влезе во тие 10%?

Набрзо ќе следи известување од Министерството за економија и труд

Ве молам објаснете им на маркетите како ќе ги решаваат производите со рок пред истек (кои сега ги лепевме во сетови 1+1 и за кои маркетите правеа документ повратница заради точни залихи)?

Треба да се почитува одредбата од законот за заштита на потрошувачите, како облик на промет на истакнување на намалена цена поради истекување на рокот на производот.  Она што е во заграда, не претставува пречка да се применува согласно законот за забрана на нефер трговски практики.

РАЗНО

Зошто се забрануваат маркетинг инвестициите во малопродажните објекти кога сите знаеме дека маркетингот е главната алатка за промоција на производите?

Поимот на маркетинг активности не е забранет, туку е ограничен во рамки на 10%. Инвестициите се забранети односно се сметаат за нефер трговска практика согласно ЕУ директивата 2019/633.

Дали е прифатлива клаузула во која купувачот и добавувачот се согласни да нема обезбедување на побарувањата? Кои видови на обезбедување се прифатливи во согласност со законот (гаранција, меница, извршна клаузула...што друго)?

Овој услов е пропишан во член 7 од законот. Доколку постои согласност ( но не условување од едната страна) иако не е пожелно, може да се исклучи од договорите. Видовите на побарување следете ги од зконот за облигационите односи.

Дали владата планира да им помогне на дистрибутерите и производителите да се намалат цените на производите? Дали планираат субвенции во однос на енергенси, даноци, цена на гориво?

Министерството за економија и труд не е во можност да одговори на ваков тип на субвенции.

Доколку на владата и се битни граѓаните, зошто се зголеми ДДВ-то на дел од прехранбените производи од 5% на 10%?

Надлежна институција за ддв е Министерството за финансии.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...