Регион

Хрватска: „Подравка“ инвестира во систем за наводнување на земјоделските површини

05 Apr 2024

Компанијата „Подравка“ и годинава продолжува со инвестициите во модернизација на земјоделското производство, а една од клучните цели е и понатамошното инвестирање во систем за наводнување, односно во проширување на земјоделските површини кои ќе бидат под систем за новоднување.

 Проектот е финансиран од ЕУ и од Република Хрватска како дел од Програмата за рурален развој, а  на компанијата „Подравка“ ѝ се одобрени бесповратни средства за системот за наводнување „капка по капка“.

Од вкупниот износ на расположливи средства за јавна поддршка изнесува 8.427.898,33 евра, од кои 50% од финансиите се од ЕУ, на „Подравка“ ѝ е одобрен износ од 99.749,15 евра.

Со инвестицијата во наводнувањето ќе се осигураат поголеми количини суровини за фабриките на „Подравка“ и суровини од контролирано потекло ( од поле до маса), ќе се намали потребната за увозни суровини, ќе се поттикне домашното производство, намалување на трошоците за производство на готов производ и ќе се зголемат приносите на зеленчукот и останатите земјоделски култури.

 Извор/Фото: Instore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...