Регион

Хрватска: Отворена нова продавница на „Плодине“ во Долни Михољац

28 Mar 2024

Трговскиот синџир „Плодине“ отвори нов продажен објект во Долни Михољац.

Со отворањето на оваа продавница, компанијата ја прошири својата продажна мрежа во Хрватска на 132 супермаркети.

Во новата продавница се вработени 35 лица и во неа на потрошувачите им се нуди широк асортиман на познати брендови и приватни трговски марки. На денот на отворањето за купувачите е подготвена програма со разни дегустации и бесплатни пијалаци и храна, како и бројни награди кои можат да ги освојат на „Тркалото на среќата“, соопштуваат од компанијата.

 Извор/Фото: „Плодине“/„Линкедин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...