Регион

Србија: Grand кафе со празнично изненадување

07 Dec 2023

Овој месец кафето Grand спреми новогодишно изненадување за своите потрошувачи на српскиот пазар. Потрошувачите кои ќе го посетат сајтот на Grand кафе, ќе можат сами да направат персонализирана новогодишна честитка за своите најблиски личности, а најкреативната честитка ќе биде наградена.

Уметничката, Оливера Кликовац во соработка со Гранд кафе изработила рачно направени новогодишни сетови, со кои ќе бидат наградени 50 учесници во конкурсот.

Со желба уште еднаш да ги потсети и инспирира луѓето да пронајдат време за она што навистина е важно, Grand кафето ги повикува своите потрошувачи да креираат уникатна честитка и да ги израдуваат саканите личности со празнични желби со личен печат.

Grand кафе ги повикува своите потрошувачи да бидат креативни, да го напишат тоа што го чувствуваат во своите срца, да ги упатат искрените желби до саканите и да декорираат честитка по свој вкус, додека уживаат во радоста на создавањето и подарувањето. Посакајте им на драгите личности, колеги, другари, мајки и татковци што повеќе заеднички моменти во годината која доаѓа, посакајте им здравје, среќа, радост и благосостојба, насмевки и силни прегратки.  Со најубави желби во 2024 година, посакајте им да имаат многу повеќе време да уживаат и посакајте им мигови кои ќе се паметат, истакнуваат од компанијата.

Извор: InStore.rs

Фото: Grand kafa



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...