Регион

„Лашко унион“ прекинува со производството на брендовите Sola и Zala

21 Nov 2023

Кон крајот на месецов завршува лиценцата на „Лашко унион“ за производство на безалкохолните пијалоци Sola и Zala, поради што биле отпуштени 50 работници, а од 410 вработени, 170 ќе останат на работа во Љубљана.

Пиварата „Лашко унион“, во јануари ги продаде брендовите Sola и Zala на словенечката компанија „Ника Бев“, зад која стои хрватската компанија „Станиќ Бевереџис“.

Во согласност со договорот, на крајот на овој месец престанува лиценцното производство на споменатите безалкохолни пијалоци на љубљанската локација на пиварата, која ќе продолжи да се грижи за нивната дистрибуција во Словенија, пренесува „Сибиз“.

Одлуката за продажба влијаела на вработените во синџирот на снабдување поврзан со овие брендови. Како што истакнуваат од пиварата, проблемите во врска со тоа биле решени „внимателно и во согласност со словенечкото законодавство“.

 Од пиварата појаснуваат, дека поради прекинување на производството  биле отпуштени 50 вработени, а на љубљанската локација на пиварата „Лашко Унион“, после престанувањето на производството на безалкохолните пива ќе останат да работат 170 лица.

Од компанијата на вработените им биле понудена друга работа во компанијата во согласност со нивните компетенции и доколку  не ја прифатат работата, тогаш да добијат отпреминина во согласност со колективниот договор на компанијата.    

Од компанијата соопштија дека сите отпремнини биле исплатени целосно во согласност со важечките прописи за работа и даночните закони, како и со комерцијалниот колективен договор кој важи за пиварата „Лашко Унион“.

Градот Љубљана отсекогаш бил и ќе биде колевка и дом на брендот Union, така што пиварата и понатаму ќе биде на оваа локација, истакнуваат од пиварата.

Од компанијата наведуваат дека спремаат тригодишната инвестициона програма која изнесува над 30 милиони евра, каде што меѓу другото во план е да и инвестирање во веледрогеријата „Давидов храм“, како и дополнителни инвестиции во пиварата „Лашко“, за која велат дека ќе биде „една од најголемите пивари на компанијата „Хајнекен“ во регионот“.

Извор: biznis.rs

Фото: Zala



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...