Регион

Хрватските производители на вино оствариле вкупен приход од 908,9 милиони куни

20 Nov 2023

Хрватските производители на вино, минатата година оствариле вкупно 908,9 милони куни приход, што е пораст од 16,3 % во однос на претходната година, додека расходите им се зголемиле за 15,7 отсто,објавила Финансиската агенција (ФИНА).

Во производството на вино од грозје лани работеле 275 претприемачи кои имале 1.376 вработени, што е за 3,2 отсто зголемување на бројот на вработени во однос на претходната година, покажуваат податоците од обработените годишни финансиски извештаи.

Минатата година винариите оствариле вкупен приход од 908,9 милиони куни, што е зголемување од 16,3 отсто во однос на претходната година, додека нивните вкупни расходи пораснале за 15,7 отсто, на 889,8 милиони куни.

Според податоците на „Фина,“ производителите на вино од грозје, лани оствариле добивка од 64,2 милиони куни, што е зголемување за 5,9 отсто, додека нивните загуби се намалени за 1,3 отсто, на 52,3 милиони куни.

Така, тие прикажаа позитивен консолидиран финансиски резултат во износ од 11,9 милиони куни, што е за 55 отсто повеќе во однос на 7,7 милиони куни нето добивка во 2021 година.

Од вкупниот број на претприемачи вклучени во производството на вино од грозје, 62,5 отсто од претприемачите работеле со добивка, додека 37,5 отсто пријавиле загуба за периодот, забележува „Фина“.

 

Извор:Seebiz

Фото: Pexels

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...