Регион

„Карфур“ се враќа на бугарскиот пазар

16 Nov 2023

Карфур“ се враќа на бугарскиот пазар, преку партнерство со компанијата „Ритејл & Мор“, која е компанија која нуди партнерства за франшиза за трговците на мало.

 Како што пренесуваат медиумите, компанијата била во преговори со неколку трговски синџири, меѓу кои бил и „Паркмарт холдинг“ кој поседува 20 продавници низ Бугарија. Доколку „Карфур“ постигне договор со „Паркмарт“, тогаш продавниците во наредните месеци ќе бидат преименувани во „Карфур маркет“  и „Карфур експрес“.

Планот на компанијата е се отворат најмалку 20 „Карфур“ продавници во Бугарија, се наведува во соопштението на компанијата, пренесуваат „АФТ“ и „БТА“.

„Карфур“ претходно се обиде на бугарскиот пазар во 2009 година, преку компанијата „КМВ“, но оваа компанија  банкротира во 2016 година. И покрај тоа, компанијата е сигурна дека во својата нова фаншизна стратегија  и планира до 2026 преку франшиза да влезе на 10 нови пазари.

 

Фото: esmmagazine

Извор: Carrefour

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...